Со само 5 мали нешта претворете го балконот во место што го олеснува престојот дома

Со само 5 мали нешта претворете го балконот во место што го олеснува престојот дома

Ситуацијата е моментално таква, па останувањето дома никогаш не било поважно. „Останете дома“ е совет што постојано го повторуваат медицинските лица во земјите каде што се појави коронавирус.

Причината е многу јасна. Избегнувајќи големи собири, блиски контакти и сите други непотребни средби, помагаме да се спречи ширењето на коронавирусот.

Со само 5 мали нешта претворете го балконот во место што го олеснува престојот дома

Се разбира, долгиот престој дома не е лесна задача. Првите неколку дена може да бидат инересни, но по некое време многумина ќе започнат да размислуваат за дружба со пријателите, на пиење кафе на сонце…

Во вакви времиња, не донесувајте заклучоци дека „коронавирусот нема токму вас да ве нападне“ и не откажувајте се од дисциплина, туку уште еднаш размислете внимателно за важноста да останете дома во тековната ситуација и ако сте во можност, да останете дома.

За да ви помогнеме да го „убиете“ времето, може да го искористите престојот дома и да ги направите сите работи што досега ги прескокнувавте затоа што не можевте или едноставно немавте време, а ако имате балкон – тоа е совршено време да го претворите во оаза во која ќе го олесни престојот дома.

Се разбира, тоа не значи дека прво треба да отидете во продавница и да купите сè што имате на ум за вашиот балкон.

Во моменталната ситуација, искористете го предностите што ви се нудат во вашиот дом и претворете го вашиот балкон во совршено месот за релаксација за наредниот период. Не ви треба многу. Само 5 нешта што веројатно ги имате во вашиот дом ќе бидат доволни за да создадете совршено место на кое ќе ја почиствувате благодатта на сонцето и да уживате во свежиот воздух.

1. Маса и столчиња

Маса и столчиња, или барем едно столче, се опрема што многумина веќе ја имаат на балконот. Ако немате поставено ваков мебел, вашиот кујнски стол ќе ви биде од корист во периодот кој доаѓа.

2. Декоративна перница

Со само 5 мали нешта претворете го балконот во место што го олеснува престојот дома

Само важно е да имате нешто на што ќе седите и ќе уживате.За ваша удобност, преместете една од декоративните перници од вашиот дом на балконот.

3. Растенија

Со само 5 мали нешта претворете го балконот во место што го олеснува престојот дома

Ако сте љубител на растенија, барем оние за кои е лесно да се грижите, ставете едно или повеќе од нив на балконот. Малку зеленило ќе ви донесе допир со природата во вашата „надворешна просторија“.

4. Свеќи или ламби

Со само 5 мали нешта претворете го балконот во место што го олеснува престојот дома

Балконот не мора да биде само утринска оаза. Крајот на денот може и да се збогувате од него, а миризливата свеќа или светилките ќе бидат доволни за убава атмосфера. Може, исто така, да ви послужат и оние од новогодишната елка што можете да ги извлечете од кутијата за оваа пригода.

5. Шолја кафе (или чај)

Со само 5 мали нешта претворете го балконот во место што го олеснува престојот дома

Ова може да биде единствената ставка што вистински ви е потребна од оваа листа. Започнете го денот со шолја од вашиот омилен напиток на вашиот балкон. Дишете свеж воздух, пијте кафе и опуштете се, а секогаш кога ќе помислите дека веќе не можете да издржите внатре – ве очекува вашиот балкон.

Балконот е место што дефинитивно ќе го олесни престојот во изолација.

Можеби сакате да ги погледнете и овие 15 туш кабини со кои ќе заборавите на кадата во бањата.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар