Слатките волнени животинчиња од една руска уметница може да ве хипнотизираат со своите љубопитни очиња

Слатките волнени животинчиња од една руска уметница може да ве хипнотизираат со своите љубопитни очиња

Некаде во Хабаровск, Русија, живее страсна уметница која од волна изработува шумски животни што изгледаат како да излегле од филмовите на Дизни. Нејзиното име е Јулија Деревшикова и таа од 2015 година се занимава со овој вид уметност.

Слатките волнени животинчиња од една руска уметница може да ве хипнотизираат со своите љубопитни очиња

Оваа уметница досега има создадено над стотина симпатични мали животинчиња. За да се изработи едно животно потребни се најмалку 20 часа, па затоа треба голема посветеност. Таа вели дека нејзиниот извор на инспирација потекнува од љубовта кон животните. Нејзините дела се микс од реализам и естетика: крзното изгледа скоро реално и не може да одолеете на нивните љубопитни очиња и симпатичните мали специфики што секое од нив ги има.

Гледајќи ги нејзините дела, не е ни чудо што Јулија стекнала многу фанови со текот на годините. Таа дури започнала да ги продава и да ги испраќа во други градови и тврди дека луѓето се возбудуваат по секоја испорака. За неа се многу важни позитивните емоции што ги добива кога ќе му испрати нарачка на клиентот и тој момент ја инспирира.

Затоа, погледнете ги овие симпатични фотографии од нејзините дела и само обидете се да не се заљубите во овие слатки мали ремек-дела.

Фотографиите од слатките животни продолжуваат и на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар