Прошетка низ Струга со Go-Pro фотографиите на инстаграмџијата Арбен Тафа

Арбен Тафа е талентиран македонски фотограф и инстаграмџија чија специјалност се фотографиите направени со Go-Pro камера. Па, ако сакате да ја започнете оваа недела со максимална доза инспирација, тогаш погледнете ги неговите фотографии во продолжение!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 📸 (@_goprooftheday) on

1. Кога се појави твојата инспирација да фотографираш и зошто одбра баш Go-Pro, наместо дигитален фотоапарат или мобилен телефон?

Отсекогаш ме привлекувала Go-Pro камерата бидејќи се разликува од другите фотоапарати. Има и „fisheye“ леќи кои фаќаат поширок агол и овозможуваат фотографија во форма на панорама или хемисфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 📸 (@_goprooftheday) on

2. Дали камерата е постојано со тебе и фотографираш сè што ќе ти привлече внимание, или пак, однапред ги планираш фотографските сесии и излегуваш со цел да направиш одредена фотографија?

Ја носам камерата постојано со мене бидејќи е доста мала и може да се чува секаде – во џеб, во јакна, па дури и може да се носи во рака. Не ги планирам фотографските сесии, фотографирам спонтано, и тоа што го фотографирам секогаш зависи од местото и инспирацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 📸 (@_goprooftheday) on

3. Сигурни сме дека сите фотографии излегуваат неверојатно со Go-Pro камерата, но дали користиш и дополнителен софтвер со цел подобро да ги обработиш пред објава?

Точно е дека Go-Pro камерата е одлична и дека прави неверојатни фотографии, но и покрај тоа понекогаш треба да се искористи софтвер со цел уште повеќе да се подобри фотографијата. Сепак, тоа не се случува често.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 📸 (@_goprooftheday) on

4. Инстаграм игра клучна улога во развивање на кариерата на еден фотограф. Според твоето досегашно искуство, какво е влијанието на оваа мрежа на успехот на фотографите?

Инстаграм е најатрактивното место за развивање на кариерата, не само на фотографите, туку и на сите оние што се занимаваат со уметност или што имаат некаков талент. Оваа социјална мрежа ве поврзува со целиот свет и може многу лесно да се промовирате таму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 📸 (@_goprooftheday) on

5. И за крај, каков совет би им дал на оние што допрва сакаат да почнат да се занимаваат со фотографија? Од каде почнат, како да почнат и на што да обрнат најмногу внимание?

Нормално е дека првото нешто што треба да го имате е желбата за фотографирање. Треба да најдете убавина во сè што ве опкружува, дури и во најмалите детали. На крајот од денот, никогаш нема да знаете ако не пробате. Не заборавајте дека и најдобрите светски фотографи почнале од некаде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 📸 (@_goprooftheday) on

Со очите гледам едно, со објективот друго: Часови по фотографија со инстаграмџијата Боки Марков.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар