Прекрасно дизајнирана минималистичка стаклена јахта

Студентот по архитектура од факултетот за уметност во Калифорнија, Луџак Дисотел, креирал прекрасен минималистички концепт кој целосно го засенува традиционалниот изглед на јахтите, овозможувајќи едно сосема ново искуство. Инспириран од лего коцките кои меѓусебно се спојуваат, како и од архитектурата на облакодерите, тој дизајнирал брод кој е организиран вертикално во 3 правоаголни простории кои овозможуваат максимизирање на дневниот простор за гостите и екипажот.

Прекрасно дизајнирана минималистичка јахта, составена од голем број на стакла

Благодарение на уникатно составените суперструктури и стаклените прозорци кои се протегаат од подот, па сѐ до таванот, можете да уживате во неверојатниот поглед кон океанот од сите делови на бродот. Внатрешноста, која вклучува елеганција исто како и надворешноста на јахтата, ветува луксузно патување за сите патници. Погледнете…

Прекрасно дизајнирана минималистичка јахта, составена од голем број на стакла

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар