Портрети од зборови
Американскиот уметник и писател Џон Сокол, создава портрети на познати личности со зборови од нивните историски дела и говори. Успеал да направи спој помеѓу двете негови животни опсесии, уметноста и литературата. Тој е роден во Охајо, во 1947 година. Погледнете го неговиот уникатен труд.

Американскиот поет Џејмс Тејт претопен во неговото дело „Riven Doggeries“.

Чарлс Дарвин нацртан со зборови од неговите истражувања, објавени во книгата „Патувањето на Бигл“.

Барак Обама со зборовите од неговиот култен говор „Многу посовршена унија“.

Данте Алигиери - првиот дел од Божествената комедија „Пеколот“.

Ирскиот писател Џејмс Џојс со делови од неговиот најпознат роман „Улис“.

Американскиот поет Езра Паунд со стихови од поемата „The Cantos“.

Елизабет Хардвик и нејзините „Непреспиени ноќи“.

Писателот Р. К. Нарајан со зборови од „Добавувачот на слатки“.
Дел од овие ремек дела на Џон Сокол се веќе продадени. Ако сте заинтересирани што сè има на располагање во моментот, погледнете на неговиот веб сајт.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.