Почеток на една љубовна приказна...

Почеток на една љубовна приказна…

Зад ова филмско ремек дело, насловено „Nuit Blanche“ (Непреспиена ноќ), стои 30-годишниот француски режисер Arev Manoukian, а е во продукција на „Spy Films“.

Краткиот филм, е снимен во Париз, а прикажува еден бурен момент на конекција помеѓу маж и жена, кои никогаш во животот се немаат сретнато, до мигот кога нивните погледи ќе се судрат и инстантно ќе создадат фатална магнетската привлечност. Никој и ништо на светот не е посилно од нивната љубов за да може да ги раздели.

Почеток на една љубовна приказна...

Она што „Nuit Blanche“ го прави маркантен и незаборавен, е црно-белата техника, забавената снимка, експлозиите од вода и стакло и целокупниот впечатлив приказ на безусловната страсна љубов помеѓу мажот и жената. Продолжените секунди ги отсликуваат чувствата кои секој од нив ги има за другиот, а времето само по себе е експресија на нивната преголема, дури болна потреба да бидат заедно.

Почеток на една љубовна приказна...

„Непреспиена ноќ“ ја освои главната награда на LG-Филмскиот фестивал, одржан во 2010.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.