Планетарни чаши за пиење ги прикажуваат познатите планети од „Војна на ѕвездите“

Планетарни чаши за пиење ги прикажуваат познатите планети од „Војна на ѕвездите“

Како ќе се справите со „жедта за повеќе“ откако ќе излезете од кино на 17-ти декември?

Постојат две опции. Знаејќи дека ќе треба да чекаме месеци и месеци за новиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“, може да си ја смириме жедта со нашите солзи, или да се утешиме со еден пијалак од овие официјални ѕвездени чаши.

Сетот се состои од шест чаши на кои се изработени небесните тела од епизодите IV-VI: Alderaan, Dagobah, Hoth и Tatooine, месечината на Endor, и смртоносната Death Star. Произведени од „Think Geek“, овие моќни пехари можат да соберат безмалку 300 мл течност.

Па, разбудете ја вашата темна страна или прославете ги празниците што доаѓаат во џедај стил!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар