„Отсуство“: Трогателни и моќни фотографии кои ќе ве преплават со емоции

„Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство.“ – Петре М. Андреевски

Нема ништо потешко на светот од загубата на некоја блиска личност. Соочувајќи се со тоа болно чувство повеќе пати, фотографот Густаво Жермано посветил цел проект на луѓето кои исчезнале без трага во Аргентина и Бразил за време на периодот кога овие земји биле под власта на воените диктатури. Тој ги искористил фото албумите на 25 различни фамилии кои ги фотографирал на истите места години подоцна.

„Отсуство“: Трогателни и моќни фотографии кои ќе ве преплават со емоции

1966 и 2006

Ефектот е таков што веднаш ќе добиете впечаток дека постои нечие отсуство. Тоа е така бидејќи во сите фотографии ниту едно семејство не е останато целосно. Во текот на 7 години исчезнале околу 30.000 луѓе. Погледнете ги фотографиите од овој неверојатен проект кој ќе ве потсети дека сѐ се менува со текот на времето…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар