Нова генерација новогодишни честитки

Нова генерација новогодишни честитки

Новата година и божиќните празници се уште поубави и магични кога во поштенското сандаче ќе најдете убава и шарена новогодишна честитка. Ако порано праќањето честитки за Нова година или за друга прилика беше традиција, во последниве години сите праќаме многу повеќе честитки преку електронска пошта.Нова генерација на новогодишни честиткиPostcarden направија револуција во историјата на новогодишните честитки. Another Studio for Design, независна компанија со седиште во Лондон, креираше навистина инвентивни честитки – мини градина скриена во деликатна честитка со внимателно одбрани цртежи. Терапевтите велат дека градинарството е добро за душата, па така со оваа оригинална честитка вашата градина може да ви биде на работната маса.Нова генерација на новогодишни честиткиМатеријалите од кои се направен честитките се водоотпорни, така што не може да се оштети нивниот хартиен дел од водата.Нова генерација на новогодишни честиткиНова генерација на новогодишни честиткиСо секоја честитка има бесплатни семињата од поточарка, кои треба да се полеваат неколку дена и потоа ја прават градината зелена и бујна. Зеленилото во честитката ќе трае 2-3 недели.Нова генерација на новогодишни честиткиИма пет различни тематски честитки: нива, град, ботаничка градина, фудбалски терен и Божиќ.Нова генерација на новогодишни честиткиНова генерација на новогодишни честиткиНова генерација на новогодишни честиткиНова генерација на новогодишни честиткиНова генерација новогодишни честиткиОвие честитки се одличен подарок за секој од 7 до 77 години. Цената на една честитка чини 7,50 долари, но за жал, Македонија ја нема во државите во кои Postcarden вршат испорачување. Погледнете на кој принцип работат овие честитки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар