Неверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилки

Фотографот Рубен Ву ги комбинира пејзажните фотографии со визуелна уметност и создава сцени коишто изгледаат како од друг свет. Користејќи моќни ЛЕД светилки монтирани на дрон, тој внимателно го осветлил Пасторури, еден од последните глечери во тропските делови на Јужна Америка.

Неверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилки

Неговите фотографии се направени навечер и го покажуваат синиот мраз што ја опкружува црната карпа. Целата фотографија е дополнета со неверојатно чистото ѕвездено небо. Овие фотографии се дел од проектот Lux Noctis за кој фотографирал и други напуштени пејзажи на сличен начин, но во сосема различни климатски услови.

Неверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилки

Ву го нарекол проектот со глечерите Terminus и е еден од неговите најамбициозни, но и најнапорни подвизи досега.

Неверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилки

„На височина од 5.250 метри, беше вистински физички предизвик да стигнам до глечерот. На тоа додајте го фактот дека фотографирав навечер на навистина ниски температури.“

Неверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилки

Поради екстремните временски услови, Ву го изгубил чувството во неговите прсти, а трајноста на батериите во неговиот дрон и фотоапарат се намалила. И покрај тоа што времето било студено за Ву, глечерот е во опасност бидејќи е премногу топло.

Неверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилки

„Глечерот се намалува со голема брзина поради климатската промена, а поради ова е намален и туризмот во оваа област. Со овој серијал фотографии се чувствував како да документирав загрозен пејзаж кој можеби нема да постои за една деценија.“

Неверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилки

„Сакав да покажам докази за алармантното намалување, но бев воодушевен од количеството мраз што останало. Сепак, секоја фотографија претставува тажна реалност, сеќавање за нешто што постоело и полека избледува.“

Погледнете ги и фотографиите со планински ореоли од истиот проект на Ву.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар