Неверојатна хотелска соба со стаклен под која открива подводни мистерии

Оваа спална соба можеби е една од најуникатните простории за спиење кои некогаш сте ги виделе. Како дел од „Udang House“ (или Куќата на ракчињата) која е дел од хотелот „Bambu Indah“ во Бали, се издвојува од сите останати по својот дизајн со стаклен под кој ни открива неверојатна подводна панорама кон домот на малите ракчиња. Од удобноста на својот кревет, гостите можат да поминат часови во набљудување на живата сина вода која маѓепсува и да уживаат во ретката можност да видат голем број морски животни кои постојано пливаат околу стаклениот под.

Неверојатен хотел со стаклен под кој ни открива подводони мистерии и чуда

Овие мали куќарки се изградени пред околу еден век, од тиковите дрвја кои се наоѓаат во околината и направени се целосно во баланс со природата. Тие на никој начин не им пречат на околните пејзажи, ниту пак го нарушуваат живиот свет. Хотелот е целосно еко-пријателски, а токму тоа е една од причините поради кои луѓето решаваат да го посетат. Погледнете колку е прекрасно ова место.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар