Неверојатен дом кој е вграден во карпа, со поглед кон Егејското море

Оваа прекрасна и уникатна куќа е позната како „Casa Brutale“, чиј концепт е буквално живеење на работ, со поглед кон Егејското море. Проектот бил создаден од страна на „Open Platform for Architecture“ со цел да има што е можно помалку влијание врз околината.

(1) Неверојатен дом кој е вграден во карпа, со поглед кон Егејското море

Мал дел од просториите во овој дом се видливи од надворешноста, меѓу кои се базенот за пливање и сет скали. Откако ќе влезете внатре, се спуштате веднаш во главната дневна просторија, која има огромна стаклена фасада, овозможувајќи ви незаборавен поглед низ целата куќа. Дури и од креветот во спалната соба, погледот едноставно ќе ве остави без зборови. За да се избегне одделувањето од природната убавина на прекрасната околина, декорот е минималистички и вклучува прекрасни цврсти површини од старо дрво. Погледнете…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар