Необичен проект: Можете ли да препознаете на која фотографија моделите се голи?

Кога ќе погледнете два одблизу направени портрети од истата личност, фотографирани од Дилан Хам, најверојатно нема да забележите голема разлика. И двата портрети изгледаат многу слично, ако не и исто. Но ако почнете да ги анализирате карактеристиките, малите промени во изразите или очите, предизвикани од околностите на фотографирањето, ќе сфатите дека има нешто поразлично. На една од двете фотографии, моделите се сосема голи.

Необичен проект: Можете ли да препознаете на која фотографија моделите се голи?

Позирањето пред камера без облека може да биде огромен чекор надвор од удобната зона за повеќето луѓе, во зависност од нивната самодоверба. Дилан добил навистина креативна идеја, па решил да фотографира неколку странци со цел да покаже дека нашите лица кажуваат многу повеќе од зборовите.

Фотографот не нагласил на која страна се наоѓа фотографијата без облека, па останува на гледачот да погоди.

„Одлучив да ги измешам лицата за да им биде потешко на гледачите да одлучат и да мораат да погледнат поблиску за да донесат заклучок. Исто така одлучив да не кажам кој е кој, надевајќи се дека ќе поттикнам дискусија помеѓу гледачите“, изјавил Дилан.

Необичен проект: Можете ли да препознаете на која фотографија моделите се голи?

Идејата потекнала од прашање кое Дилан си го поставувал со години: Колку невербални изрази покажуваме на лицето без да бидеме свесни за нив? Дилан си поставил мисија да докаже дека нашите лица откриваат повеќе отколку што мислиме.

Фотографот од Ванкувер собрал неколку волонтери и им кажал дека нема да фотографира или објавува никаква голотија. Потоа направил пред и потоа портрети од волонтерите за да ја прикаже разликата во нивните изрази кога се со облека и кога се голи.

„Одбрав луѓето да бидат голи бидејќи барав искрена ранливост од моделите. Им реков да ги отстранат облеката и накитот и ги замолив да не се шминкаат. Исто така им реков да стојат на кутија, за на некој начин да им дадам платформа, и физичка и ментална.“

Необичен проект: Можете ли да препознаете на која фотографија моделите се голи?

Резултатот на експериментот бил од многу суптилни, до вистински контраст помеѓу реакциите. Од мала насмевка и едвај забележлив сјај во очите, до црвенеење и смеење, секоја личност имала уникатни емоции на нејзиното лице.

Необичен проект: Можете ли да препознаете на која фотографија моделите се голи?

Иако потекнува од одредено прашање, проектот не открил одговор. Во спротивно, поттикнал уште прашања кои чекаат да бидат истражени со проект. Дилан планира да го прошири проектот надвор од неговиот круг на пријатели и познаници, можеби дури и надвор од државата. Тој сака да ги зближи луѓето така што ќе им помогне да сфатат дека сите сме на истиот спектар на ранливост. Па што мислите, на кои фотографии моделите не носат облека?

Необичен проект: Можете ли да препознаете на која фотографија моделите се голи?

Необичен проект: Можете ли да препознаете на која фотографија моделите се голи?

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар