Креативни илустрации кои совршено ги покажуваат недоразбирањата помеѓу луѓето
Без разлика колку добро познавате некоја личност, никогаш не можете да бидете 100% сигурни што тој или таа мисли или чувствува. Токму поради ова често се случува погрешно да ги разбереме зборовите и однесувањето на другите луѓе и да се навредиме поради нашите погрешни претпоставки. Но, ако едноставно комуницираме со тоа што навистина го мислиме, ќе биде многу полесно, без разлика дали се работи за партнерот, колегите или за односот помеѓу родител и дете. Погледнете ги овие илустрации со вообичаените недоразбирања помеѓу луѓето и погрешната интерпретација на зборовите.

– Да, се сретнавме неодамна.
– Да, се сретнавме неодамна, но не те поканивме бидејќи не можеме да те поднесеме.

– Ајде друг пат да зборуваме за тоа.
– Имам поважни нешта за правење отколку да те слушам тебе.

– Одам во бар со моите пријатели. Не ме чекај!
– Најдов друга жена.

– Ќе го пребродиш ова, сигурна сум.
– Ќе се прибереш ли?

– Хмммм, гледам.
– Ми се гади од тебе.

– Премногу размислуваш за тоа.
– Не биди толку досаден.

– Извини душо, нема да може да се видиме денес. Што велиш за утре?
– Не те сакам веќе.

– Премногу лично ги сфаќаш нештата.
– Ти си лесен за убедување.

– Опушти се.
– Се однесуваш како будала.