Креативен глушец ни ја раскажува својата љубовна приказна
Креативен глушец ни ги искажува своите чувства преку илустрирана љубовна приказна. Рачно изработените илустрации се дело на костариканскиот студент по графички дизајн Џекс Баркеро. Техниките кои тој ги користел за цртање се различни (водени бои, пенкало, пастелни бои), а инспирацијата ја нашол во страшното чувство наречено љубов.

Можеби не сум многу паметен, но за тебе можам да нацртам илјада срца.

Не можам да те одведам во Париз, но за тебе ќе насликам галаксии.

Некои денови немам време. Но, тоа што не го знаеш е дека твојата насмевка постојано живее во моите мисли.

Постојат толку многу нешта што сметам дека се убави кај тебе, што дури и да не ме сакаш јас сум среќен што воопшто те запознав.

Но би сакал да знам… Дали некогаш ќе имам шанса?

Ти си прекрасна.
Ако сакате да знаете како ќе заврши оваа љубовна приказна, следете го авторот на овој линк.