Како реагираат луѓето кога ќе им се каже дека се убави? Овој фотограф ги доловува токму тие моменти!

Како реагираат луѓето кога ќе им се каже дека се убави? Овој фотограф ги доловува токму тие моменти!

Мехмет Генц е фотограф од Турција кој постојано патува и се потпишува како „Rotasiz Seyyah“ што во груб превод значи „номад без цел“. Неговите фотографии ја доловуваат моќта на една едноставна реченица која всушност е и името на целиот проект: „Многу сте убави“. Идејата е едноставна. Генц им кажува на луѓето што ги среќава за време на неговите патувања дека се убави и потоа ги слика нивните реакции. Како што можете да видите од фотографиите, реакциите на неговите модели се неодоливи. Генц работел 6 години како информатички техничар во Истанбул пред да даде отказ за да се посвети на неговата љубов кон фотографијата.

Како реагираат луѓето кога ќе им се каже дека се убави? Овој фотограф ги доловува токму тие моменти!

„Будалестата храброст понекогаш ќе ви помогне да ја донесете најважната животна одлука“, пишува тој.

Тој пораснал во Самсум, Турција, но денес целиот свет е негов дом. Моментално, тој се наоѓа во Манаус, Бразил а неговите незаборавни патувања можете да ги следите на неговиот Инстаграм профил каде што има над 91.000 следбеници. Погледнете ги овие прекрасни фотографии кои несомнено ќе измамат насмевка и на вашето лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар