Како би изгледале државите ако беа луѓе?

Во глобалната арена, секоја држава си има своја слика. Но, како би изгледале државите како луѓе? Ова е прашањето што си го поставила руската уметница Анастасија Булгакова.

„Цртам персонификации на разни држави. Сите тие ќе наликуваат на воини, со крв и земја. Не поради некое политичко убедување, туку едноставно затоа што идејата за земји-воини дава многу креативна слобода. Секој лик има некои стереотипни карактеристики кои ќе ги искористам.“

Од Американец кој е наивен и идеалист, до тивок Јапонец со сомнителна насмевка, без сомнение ќе ги познаете овие „луѓе“ доколку ги сретнете на улица.

1. Канада

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„Канада е едноставно како момче. Тоа е добро и не се расправа. Сака да биде дома и не бара туѓи проблеми. Се бори само во спортот – хокеј. Смета дека е искрено и забавно. Поради неговиот успех во хокеј, го нарекуваат и Крал на мразот. Понекогаш над главата му се појавува круна и често сонува за идни победи. Сака да верува дека Америка е неговиот најдобар пријател и дека се еднакви. Америка не го гледа како закана и му дозволува да бидат пријатели. Се разбира, со придобивки. Обично се бори со Русија во хокеј, а и Америка го има за свој противник на полето. Но, тој е пријателски настроен кон секого, сè додека не го слушне повикот на Британија. Канада обично носи тренерки. Неговите оружја се метални прачки за хокеј и ролери. Добро момче.“

2. Америка

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„Малку наивна и идеалистичка, но многу злобна однатре. Атрактивна и харизматична, лесно ги придобива другите. Ја следи својата цел без оглед на моралот или последиците. Главната цел ѝ е да преживее, и тоа со најмногу удобност. Носи кожен оклоп бидејќи сака битки на растојание со нејзините пушки. Кибернетичките раце и нозе ѝ даваат неверојатна брзина во борба. Таа е убиец. И сака оган. Особено ако го мириса наутро. Ѝ мириса на победа.“

3. Франција

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„Франција е претставена со маж од алтернативна реалност. Овде победила монархијата, а револуцијата е неуспешна. Тој е древна држава, со повеќе од 1.500 години. Аристократ и вампир. Крвта и виното се негов стил и се разбира, уметноста. Владеењето на монархот е врховно, а благородноста на вампирот е посилна од кога било. Тој мрази револуции, востанија, еднаквост и ‘моќ на луѓето’. Верува дека демократијата е само една голема лага, дека другите држави ја користат за да ги направат своите жители послушни. Тој го сака старомодниот начин и нема ‘слобода и еднаквост’ под негова власт, сè додека луѓето не го заслужат тоа. Прво, потребно е да разберат колку ниско се спуштиле и колку деструктивно би било сега да им се даде моќ. А кога тоа ќе се случи, ќе видиме.“

4. Јапонија

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„На ред е Јапонија, и се разбира дека ќе биде претставена од маж. Си зедов повеќе слобода бидејќи немаше премногу коментари. Следниот пат бидете поактивни. Јапонија е тивок маж со сомнителна насмевка. Сака технологија и перверзии. Има чудни врски со другите држави, особено со соседните. Ах, таа Кина… Никој не знае кои му се вистинските мотиви и желби и никогаш не ни кажува. Но едно е сигурно – ако ве убие ќе биде неверојатно учтив во врска со тоа. Иако сака технологија, има вистинско тело, а оклопот е само мала измена на неговите способности. Може да се класифицира како воин за блиска борба, но повеќе сака брзина отколку тежок оклоп. Користи копје и опашка за да ги држи непријателите на растојание. За далечина користи експлозивни сфери.“

5. Иран

Како би изгледале државите ако беа луѓе?

„Првиот лик од древна цивилизација. Не знаев за која држава да го искористам овој лик. Откако прочитав неколку текстови, се одлучив за Иран. Тој е со лошо расположение и не разговара, бидејќи разговорите се евтини за разлика од златото и моќта. Овој херој е на „сивата страна“. Ја користи златната маска за да го скрие своето лице и да ги излаже непријателите. Има волшебна ламба и дух кој ќе му ги исполни желбите. Во борба најчесто користи магија и дипломатски притисок. Неговата сабја ја користи за убивање бидејќи духот не ја врши валканата работа. Тој дефинитивно е Господар на песокот.“

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Dejan Reply

    Top!

Остави коментар