Илустрации што ги прикажуваат најубавите настани од 2018-та година

Веројатно сте забележале дека постојано сме бомбардирани со лоши вести. Еден артист го забележал ова и решил да направи нешто поинакво. Мауро Гати ги собрал најубавите и најпозитивните настани од изминатава година и решил да ги илустрира.

„Не сум новинар или инфлуенсер, но сакам да ја искористам мојата уметност за да ширам позитивност. Поради тоа сакам да споделам некои од позитивните вести ширум светот од оваа година со надеж дека ќе ве усреќат и ќе ве инспирираат да го направите истото.“

Уметност, технологија, храна, наука, човекови права, права на животните… Навистина напреднавме многу, па погледнете ги најпозитивните достигнувања за оваа година.

Илустрации што ги прикажуваат најубавите настани од 2018-та година

Франција е првата држава што им забрани на супермаркетите да го фрлаат вишокот храна. Мораат да ја донираат неискористената храна или да платат казна.

Илустрации што ги прикажуваат најубавите настани од 2018-та година

Шкотска е „првата држава во светот“ која им дава санитарни продукти на жените со мали приходи и на студентите.

Илустрации што ги прикажуваат најубавите настани од 2018-та година

Судот во Јужна Кореја објави дека убивањето на кучињата за месо е нелегално.

Илустрации што ги прикажуваат најубавите настани од 2018-та година

Компанија за пиво прави пакување за шест пива што ги храни желките наместо да ги убива.

Илустрации што ги прикажуваат најубавите настани од 2018-та година

Португалија ќе го забрани користењето на дивите животни во циркуси до 2024-та година со нов закон од парламентот.

Илустрации што ги прикажуваат најубавите настани од 2018-та година

Калифорнија стана првата држава што го спречи тестирањето на животни на продукти за убавина.

Илустрации што ги прикажуваат најубавите настани од 2018-та година

Бројот на тигри во дивината во Непал речиси се дуплира за помалку од една деценија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар