Хотел со 0 ѕвезди во кој собите немаат прозорци, врати и покрив

Хотел со 0 ѕвезди во кој собите немаат прозорци, врати и покрив

Хотелот „Нул Стерн“ е дело на уметниците Франк и Патрик Риклин. Нивната главна цел е да ги запознаат луѓето со природните убавини на швајцарските Алпи, но на еден сосема поинаков начин. Во директен превод, „Нул Стерн“ значи хотел со 0 ѕвезди каде собите немаат прозорци, врати и покрив.

Овој хотел бил отворен во 2016 година имал неколку соби како што се апартманите „Швенди“, „Тркал“ и „Бурст“ лоцирани на околу 1200 метри надморска височина во кантонот Св. Гален. Собите претставувале изградени постаменти со двоен кревет и ноќни шкафчиња сместени во средината на планинската пустина.

Хотел со 0 ѕвезди во кој собите немаат прозорци, врати и покрив

Во нивна непосредна близина имало колиба со тоале́т за гостите, како и за батлерот кој ги исполнувал барањата на гостите. За оваа авантура гостите плаќале многу, а имало и огромен список на чекање.

Моментално, овој хотел не работи, но за летово се подготвуваат соби без покриви и ѕидови на повеќе локации во Швајцарија.

Хотел со 0 ѕвезди во кој собите немаат прозорци, врати и покрив

Хотел со 0 ѕвезди во кој собите немаат прозорци, врати и покрив

Хотел со 0 ѕвезди во кој собите немаат прозорци, врати и покрив

Можеби ќе ве интересира и кои бесплатни работи можете да ги земете од хотелите во коишто престојувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар