Хипнотички геометриски композиции
Овие прекрасни, калеидоскопски композиции се дело на Енди Гилмор, графички дизајнер чиј талент и креативност многу пати се потврдија низ неговата завидна кариера. Како што и самиот вели, потребно било доста време и посветеност за да успее да го развие овој неверојатен стил на дигитална уметност. Според него, најголем дел од своето знаење и искуство го стекнал во библиотеки, книжарници и театри во коишто работел и секогаш јасно го нагласува нивното значење за неговата кариера. Во долгата листа на клиенти со кои соработувал Енди се вбројуваат и Wired Magazine, The New York Times, Fast Company, Wallpaper*, Warp Records, Ghostly International и други значајни имиња.














Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
