Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка

Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка

Московскиот фотограф Александер Коклов ги истражува можностите на визуелната трансформација со помош на бојата и шминката. Неговата фотосерија Art of Face ја сочинуваат прекрасни фотографии кои се одликуваат со интригантно нанесени бои на човечкото лице.

Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка

Тој за оваа серија работел со мејкап-артистката Валерија Кутсан и експертката за ретуширање Вероника Ершова. Неговите фотопортрети претставуваат надреални верзии од фотографираните субјекти инспирирани од дводимензионалните постери, стриповите, поп културата, уметничките слики, пикселизираните слики и карактерите од цртаните филмови.

„Валерија користи различни техники на боење на човечкото лице, па можете да видите многу варијации – од скици и графичка уметност до водени бои и маслена техника. Ова е комбинација од интересна шминка, експерименти со студиска фотографија и внимателно ретуширање.“

Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка Фотопортрети од лица моќно трансформирани со боја и шминка

Работата на Коклов ја имаме видено и порано во неговата серија црно-бели портрети наречена Weird Beauty.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.