Фотографии кои докажуваат дека очите се навистина прозорец на душата - Part 2

Фотографии кои докажуваат дека очите се навистина прозорец на душата

11. Невиност

(11) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Наречена „Момчето со сафирни очи“ оваа фотографија предизвикува лавина реакции насочени кон фотографката Ванеса Бристоу, односно обвинувања за користење Фотошоп. Подоцна е утврдено дека момчето има некаков редок вид албинизам и дека фотографијата е автентична.

12. Изгубена невиност

(12) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Ахмед, 8 години. Дете на сириски војник кое ги изгубило детството и невиноста поради војната.

13. Преплашеност

(13) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Реакцијата на најмладите гледачи на куклена претстава, во моментот кога змејот од приказната е поразен. Париз, 1963 година.

14. Претпазливост

(14) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Една од најпознатите фотографии во историјата, всушност очите на Шарбат Гула кажуваат многу, но најмногу од сѐ страв и претпазливост од непознатото. Нејзините родители биле убиени за време на напад на нејзиното село во Авганистан во 1980 година. Шарбат била присилена да бара спас во Пакистан.

15. Паника

На 15 април 1989, се случи инцидент на полуфиналниот меч помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест. Тоа резултираше со смрт на 96 лица и повреди на 766 други.  За катастрофалниот настан главно се обвинува полицијата. Тој е најлошата стадионска катастрофа во британската историја и една од најлошите светски фудбалски несреќи.

15-Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

16. Вчудовиденост

Моментот кога Харолд Вајтс, кој е глувороден, слуша за првпат откако му е вграден слушен апарат.

16-Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

17. Прифаќање

17-Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Член на Ајнзацгрупата Д (специјална нацистичка единица)само што не пукнал во Евреин кој клечи пред полна масовна гробница во Виница, Украина, 1941.

18. Пораз

18-Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Војник на Црвената армија испраќа германски војник во заложништво после Сталинградската битка. Германците биле заробени и нагло снемувале гориво за греење и лекарства, резултирајќи со смрт предизвикана од премрзнатост, неисхранетост и болести. Ова е една од најкрвавите битни во историјата, со најголем број на жртви кој изнесува некаде околу 2 милиони.

19. Страдање

19-Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Уин Ти Ли, 9 години е жртва на „агенс оранж“. За време на Виетнамската војна, Американската војска испрскала околу 12 милиони галони (1 галон = 3,8 литри) со хербицидот „агенс оранж“ врз Виетнам. Со овој дефолијант инстантно се уништувале плодовите, вегетацијата и густите шуми кои им овозможувале храна и засолниште на силите на Виетконг (Народен фронт за ослободување на Јужен Виетнам). Најмалку 4,5 милиони Виетнамци и 2,5 милиони Американски ветерани биле изложени на пестицидот. Иако прскањето е завршено пред 30 години, диоксинот од „агнес оранж“ сѐ уште предизвикува уништувачка штета на 3 генерации жртви.

20. Олеснување

20-Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Срцев хирург после успешна 23-часовна трансплантација на срце. Неговиот асистент спие во ќошот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар