Фотографии кои докажуваат дека очите се навистина прозорец на душата

Погледот ни кажува многу во секојдневната комуникација, па многу често не ни се потребни зборови за да разбереме како се чувствува другата личност. Предизвикот во неговите очи ве возбудува, кога таа погледнува надолу знаете дека ве лаже, другарката со очи ви посочува кон важната личност која само што влезе во просторијата… А многу често, најголемите радости и најдлабоките рани не можат да се искажат поинаку освен со солзи во очите.

Овие историски фотографии го докажуваат истото и тоа со интензивната емоција која ја носи реалниот момент.

1. Радост

(1) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Насмевка по долго време, по ослободувањето на концентрациониот камп Берген – Белсен, 1945 година.

2. Страв

(2) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Германски војник фатен од Британската армија, 1945 година. Момчето има само 15 години.

3. Љубомора

(3) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Софија Лорен и Џејн Мејсфилд на забава организирана во чест на Софија Лорен, 1957 година.

4. Омраза

(4) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Човекот кој што седи е Џозеф Гобелс, еден од најблиските соработници на Адолф Хитлер. Човекот позади фотоапаратот – Евреин.

5. Срам

(5) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Французинка која е јавно казнета поради дружење со германските војници за време на војната. Фотографијата е направена веднаш по завршувањето на Втората светска војна.

6. Замор

(6) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Изнемоштен американски војник веднаш по ослободувањето од германски затвор, 1945 година.

7. Лудило

(7) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Постои синдром наречен shell shock, кој се припишува на налудничавото однесување на голем број војници за време на Првата светска војна, по долг период поминат на бојно поле. Битка кај Сом, Франција, 1916 година.

8. Очај

(8) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Фотографијата е направена во Варшава, Полска од страна на германски војник, 1941 година.

9. Спокој

(9) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Американски војник во Јужен Виетнам, 18 јуни 1965 година.

10. Храброст

(10) Fotografii-koi-dokazhuvaat-deka-ochite-se-navistina-prozorec-na-dushata-www.kafepauza.mk

Биби Аиша имала само 12 години кога нејзиниот татко ја ветил на Талибанец, како компензација за убиство направено од страна на член од нејзиното семејство. Ја омажиле на 14 години, а новото семејство постојано физички ја малтретирало. На 18 години избегала, но била фатена од полицијата и вратена назад на семејството. Како казна, нејзиниот свекор и нејзиниот сопруг ја одвеле во планина каде што ѝ ги исекле ушите и носот и ја оставиле таму да умре. Биби ја пронашле американски војници кои ја спасиле. Ова е Биби на насловна на Тајм магазин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар