Дизајн на неверојатен облакодер што се издигнува како планина среде град

Архитектите од компанијата „MAD Architects“ си заработиле место на натпреварот Beulah International со нивниот дизајн на зелен облакодер кој би се издигнал над Мелбурн. Извивајќи се како една кула, овој облакодер е визија со повеќе намени што ги разнесува посетителите на неколку нивоа, додека истовремено се обидува да ги поврзе со природата.

Дизајн на неверојатен облакодер што се издигнува како планина среде град

Интернационалниот натпревар барал од архитектите да комбинираат место за живеење, место за продажба, хотел со 5 ѕвезди, место за забава и зелен простор.

Неверојатни облакодери што се издигаат како планина во градот

За да се справат со предизвикот, архитектите направиле концепт за облакодер кој имитира органски форми направени од дрво и стакло. Додатокот на најгорниот кат што личи на облак прави облакодерот навистина да изгледа како планина.

Неверојатни облакодери што се издигаат како планина во градот

„Пркосејќи им на обичните стаклени згради во Мелбурн кои не одговараат со историските паркови и природните терени на градот, овој органски дизајн претставува силуета на природни форми – планина, дрво и облак во густиот центар“, изјавиле од фирмата.

Долните нивоа на зградата кои се резервирани за продажни салони изгледаат како „планински села“ со вертикално поставен зелен простор кој ги трга посетителите од урбаната средина и ги носи во природата. Кулата се издига од „селото“ како дрво.

Неверојатни облакодери што се издигаат како планина во градот

„Облакот“ не само што нуди неверојатен поглед кон Мелбурн, туку и обединува неколку места за уживање во рамките на хотелот. Посетителите можат да јадат во ресторанот, да се релаксираат во лобито, барот или на палубата за набљудување.

Неверојатни облакодери што се издигаат како планина во градот

„Кон краевите облакот станува провиден и имитира вистински облак постанувајќи маглина што се вклопува во небото.“

Неверојатни облакодери што се издигаат како планина во градот

Неверојатни облакодери што се издигаат како планина во градот

Неверојатни облакодери што се издигаат како планина во градот

Неверојатни облакодери што се издигаат како планина во градот

Неверојатни облакодери што се издигаат како планина во градот

Погледнете и како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар