Деца родени од жртви на силување ни покажуваат дека и тие можат да бидат прекрасни и сакани

Патриша Вилок направила моќна серија фотографии во која ни покажува дека децата кои биле родени од жртви на сексуално насилство можат да помогнат при борбата за мир. Со години во градот Гома, кој се наоѓа во Демократската Република Конго, жителите биле сведоци на воени злосторства и сексуално насилство врз деца, жени, а понекогаш и мажи. Сите овие луѓе биле користени како оружје во војна.

(1) Деца родени од жртви на силување ни покажуваат дека и тие можат да бидат прекрасни и сакани

Но, во последниве неколку години се развиваат сè повеќе локални иницијативи и интернационални програми со цел да им се помогне на жртвите од семејно насилство и сексуален напад за време на војната да се вклучат повторно во општеството и да си го вратат својот живот под контрола. Во оваа серија од фотографии, вие имате можност да го видите и животот на Естер, мало девојче кое настанало од силување, но кое сепак ги поминува најголемите моменти од нејзиниот живот: нејзиното раѓање, првите чекори, првиот школски ден и нејзината свадба.

(2) Деца родени од жртви на силување ни покажуваат дека и тие можат да бидат прекрасни и сакани

Сите овие фотографии вклучуваат деца настанати од силување, како и жените кои биле вклучени во сексуален напад. Но, тие повеќе не се жртви. Тие се прекрасни борци кои сакаат светот да ги гледа онакви какви што навистина се.

(3) Деца родени од жртви на силување ни покажуваат дека и тие можат да бидат прекрасни и сакани


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар