Бои што го прават просторот поголем

Бои што го прават просторот поголем

Живеењето во мал стан е предизвик сам по себе, а наоѓањето на вистинската боја за ѕидови се чини како најголемиот предизвик од сите. Бојата може визуелно да ја намали или да ја зголеми просторијата. Премногу светлите нијанси може да го направат просторот безличен, а темните може да го загушат. Она што сигурно не го сакате е вашиот стан да биде визуелно уште помал. Овие бои се решение за малиот простор за живеење.

1. Пастелни нијанси

Бои што го прават просторот поголем

Ако не сте љубител на класичната бела боја, пастелните тонови можат да бидат совршени за бојадисување на ѕидовите во вашиот стан. Пастелната светложолта, бледо розовата и сината нијанса ќе ви овозможат да го исполните просторот со свежина и да ја искористите светлината во него на најдобар можен начин. Контрастот на пастелни и бели тонови ќе создаде совршена рамнотежа во просторот. Ако ги комбинирате овие бои, најдобро е да имате светол под.

2. Топли сини нијанси

Бои што го прават просторот поголем

Ако сакате да ја нагласите убавината на просторот во кој живеете, топлите сини нијанси на ѕидовите се совршени за вас. Сината боја ќе направи просторот да изгледа суптилно поголем без нарушување на концептот во него. Можете да бојадисате само еден ѕид во сина боја бидејќи на малиот простор му треба малку за да изгледа поголем и поубав.

3. Ладни тонови со сјајна завршница

Бои што го прават просторот поголем

Можете да ја зголемите ефикасноста на рефлектирањето на светлите ладни тонови со употреба на бои со сјајна завршница. Ладните нијанси на сина, боја на лаванда и слични тонови можат визуелно да го зголемат просторот во кој престојувате секој ден. Овие бои функционираат особено добро во простор што не добива доволно природна светлина.

4. Светли неутрални тонови

Бои што го прават просторот поголем

За да го направите малиот простор поголем, користете палета на светли неутрални тонови. Светлосивата боја е совршена за мали простори на кои им е потребен допир на стил и елеганција.

5. Темни неутрални тонови

Бои што го прават просторот поголем

Дизајнерите на ентериер ве советуваат да изберете боја меѓу потемните неутрални тонови што одговара на вашиот стил, а која исто така визуелно ќе го прошири просторот. Потемните неутрални тонови во комбинација со светлиот мебел создаваат илузија на поголем простор.

Погледнете како да го уредите вашиот дом во топли бои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар