Белото не е досадно: 5 совети кои ќе ги „оживеат“ просториите на кои им недостига боја

Неутралните бои, а особено белите нијанси, имаат доста предности, како на пример, помалиот простор го прават визуелно поголем, темниот простор го прават посветол, односно создаваат впечаток на отвореност и прозрачност. Но, може да изгледа и помалку недовршена, односно досадна доколку не се внимава на некои работи во текот на уредувањето. Затоа ви откриваме 5 совети за уредување на белите простории.

0-beloto-ne-e-dosadno-5-soveti-koi-kje-gi-ozhiveat-prostoriite-na-koi-im-nedostiga-boja-www.kafepauza.mk_

1. Експериментирајте со текстурите

Монохроматските простории, особено оние во бела боја, може да изгледаат многу монотоно. Токму тогаш од голема помош може да биде додавањето текстури, па дури и во слични тонови. Бушави теписи, перници, бојадисани цигли, пластични столици и сето она што ви се допаѓа, бидејќи имате многу опции од кои можете да изберете.

2-beloto-ne-e-dosadno-5-soveti-koi-kje-gi-ozhiveat-prostoriite-na-koi-im-nedostiga-boja-www.kafepauza.mk_

2. Додајте зеленило

Наместо зелена боја на ѕидот или зелен мебел одлучете се за природно зеленило. Билките на белиот простор ќе му пружат чувство на свежина и прозрачност, односно малку боја. Ако не сте обожавател на силните бои, билките се идеален избор за минимално додавање боја во белиот простор, со цел да го „оживеете“.

6-beloto-ne-e-dosadno-5-soveti-koi-kje-gi-ozhiveat-prostoriite-na-koi-im-nedostiga-boja-www.kafepauza.mk_

3. Искористете бојадисани детали

За оние кои сакаат силни бои, но во мали дози, ова е одлично решение кое ќе воспостави рамнотежа во белата просторија. Сосема е доволно да изберете неколку детали чија боја „отскокнува“ од белата површина, а идеален избор се покривачите, перниците, рамките за фотографии или пак, светилките.

3-beloto-ne-e-dosadno-5-soveti-koi-kje-gi-ozhiveat-prostoriite-na-koi-im-nedostiga-boja-www.kafepauza.mk_

4. Додајте декоративно осветлување и уметност

Ако сакате да создадете впечаток на романтичност и интимност во просторијата, тоа наједноставно можете да го направите со убаво осветлување и светилки. Тогаш ламбите или ЛЕД светилките, сликите и фотографиите се клучните детали кои ќе го додадат тој шарм во вашата бела просторија.

5-beloto-ne-e-dosadno-5-soveti-koi-kje-gi-ozhiveat-prostoriite-na-koi-im-nedostiga-boja-www.kafepauza.mk_

5. Употребувајте примероци

Доколку не сакате силни бои, бојадисани детали, ниту пак зеленило во белата просторија, примероците во неутрални бои се најдоброто решение. На тој начин неутралноста и смиреноста во просторијата ќе останат недопрени, но и понатаму визуелно ќе го збогатите просторот со нова димензија.

4-beloto-ne-e-dosadno-5-soveti-koi-kje-gi-ozhiveat-prostoriite-na-koi-im-nedostiga-boja-www.kafepauza.mk_

Доколку сакате да ја задржите суптилноста и белината во просторијата, погледнете ги овие мермерни тапети кои станаа нов тренд за уредување на ентериерот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар