Артист создава неверојатна минијатурна уметност само со своите раце

Големината е важна, напишал артистот Џон Алмеда на неговиот веб-сајт. Овој артист кој живее во Такома, Вашингтон е познат по грнчарските производи со големина од само 2,54 сантиметри, иако тој ја започнал својата кариера со многу поголеми производи. Моделите кои тој денес ги создава изгледаат исто како и нивните поголеми верзии, иако најчесто се толку мали што можат да стојат врз монета или кутија за кибрит.

(1) Артист создава неверојатна минијатурна уметност само со своите раце

Својот премин кон минијатурната уметност го објаснува на следниов начин:

„Додека разгледував во една книжарница, налетав на книга наречена ‘Создавање керамички минијатури’, која навистина ми го промени мојот поглед и пристап. Малите дизајни ми дозволуваат да се фокусирам целосно на формата на самото парче. Тоа е многу медитативна форма на создавање.“

(2) Артист создава неверојатна минијатурна уметност само со своите раце

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар