Артист со 6.000 шрафови направил моќен портрет кој ја претставува победата на љубовта врз злото

Артист со 6.000 шрафови направил моќен портрет кој ја претставува победата на љубовта врз злото

Најновиот уметнички проект на артистот Ендру Мејерс посочува на неверојатната способност на љубовта да триумфира врз злото. „Љубовта победува“ е една скулптура со размер 183 x 122 сантиметри која претставува еден своевиден коментар за немирот кој моментално владее ширум светот. Направена е од преку 6.000 шрафчиња, наместени на различни длабочини, и потоа рачно насликани едно по едно.

Артист со 6.000 шрафови направил моќен портрет кој ја претставува победата на љубовта врз злотоАртист со 6.000 шрафови направил моќен портрет кој ја претставува победата на љубовта врз злото

Неговата идеја со својата тишина гласно зборува дека треба да се обидеме да ја турнеме моќта на злото која му се заканува на човештвото. Мејерс бил инспириран да ја создаде оваа уметност набљудувајќи го неговиот 5-годишен син чија невиност и чистота биле во директен контраст со надворешниот хаос кој го тероризира светот денес.

Артист со 6.000 шрафови направил моќен портрет кој ја претставува победата на љубовта врз злотоАртист со 6.000 шрафови направил моќен портрет кој ја претставува победата на љубовта врз злото

„Нема многу убавина во нашиот свет, но секогаш постојат константните потсетувачи на несигурноста, злото и стравот. Очигледно е дека светот е немирен и дека таков е веќе подолго време. Се обидов да замислам едно ново уметничко дело кое ќе ја претстави чистотата и ќе го турне злото. Кога ќе размислам, љубовта е нешто во кое суштински треба да веруваме и да се надеваме. Верувам, заради син ми. Сакав да го направам овој проект за да ги потсетам луѓето дека невиноста, чистотата и љубовта се посилни од злото.“ – вели Мејерс.

Артист со 6.000 шрафови направил моќен портрет кој ја претставува победата на љубовта врз злотоАртист со 6.000 шрафови направил моќен портрет кој ја претставува победата на љубовта врз злото


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар