Зошто малите деца сакаат да бидат секси?

Зошто малите деца сакаат да бидат секси?

Пренагласената сексуализација во однесувањето кај децата е тема на обемна дебата во последните неколку години. И додека за оние кои веќе навлегуваат во адолесценција и на кои им лудуваат хормоните може да се разбере таквото однесување, сега започнува да загрижува тоа што многу помали деца се обидуваат да бидат сексуално атрактивни во очите на околината. Навистина делува чудно кога ќе видите дека девојче од десетина години на Фејсбук објавило слика на која позира како да се обидува да привлече некого со својот изглед, а сликата ја надополнуваат и некои дечиња кои се појавуваат на детските фестивали.

Зошто малите деца сакаат да бидат секси?

За да ги најдат причините за ваквата појава, психолозите Кристин Стар и Гејл Фергусон неодамна направиле еден експеримент. Тие на неколку девојчиња на возраст од шест до девет години им дале неколку кукли, а тие требало да кажат на која кукла мислат дека личат, на која сакаат да личат, која од куклите би била најпопуларна во реалниот живот и со која од нив би сакале да си играат. Резултатот бил дека најсекси куклата би била најпопуларна, па следствено на тоа девојчињата сакале да изгледаат токму како неа. Интересно, не ја избрале секси куклата кога одговарале на прашањето со која кукла сакаат да си играат.

Зошто малите деца сакаат да бидат секси?

Стар и Фергусон понатаму продолжиле да ги бараат причините кои довеле до ваквиот детски избор. Резултатите од нивните истражувања покажале дека пренагласената сексуалност кај децата доаѓа од содржините кои им се сервираат преку медиумите, но тоа не бил најважниот фактор. Се покажало дека клучно е влијанието на мајките и нивната перцепција за сопствените тела. Кога мајката пред детето покажувала дека е незадоволна од својот изглед, медиумите лесно ја повредувале и перцепцијата за убавото на детето. Но, кога мајката била задоволна од себе и на својата ќерка и укажувала што од она кое се прикажува на телевизија е добро, а што лошо, тогаш девојчињата ретко ја избирале секси куклата како свој идол.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.