Мекдоналс, 10 недели подоцна…
Светски познатиот синџир на ресторани за брза храна „Мекдоналс“ ја базира својата успешност врз уникатноста и шмекот кои ги имаат нивните продукти, едноставно терајќи ве да се заљубите во нивниот вкус. Не е тајна дека скоро се што можете да купите во Мекдоналс содржи одредена количина на шеќер, па така иако на око оброкот е мал, сепак може да ве засити.
Морган Спарлок, режисерот и актерот во документарецот „Super Size Me“ кој е снимен за “придобивките“ од редовното конзумирање на производите на Мекдоналс, направил еден интересен експеримент. Тој во големи тегли поклопува неколку од најпопуларните и најпродаваните бургери во Мекдноналс и нормално незаменливиот помфрит. Погледнете што се случува со сите продукти, во рок од 10 недели ретроспективно и потоа размислете каде би јаделе денеска.
