Тортиља сендвичи

Тортиља сендвичи

Лесен ручек, кој секој може да го приготви и да ужива…Тортиља сендвичиПотребни состојки:

  • 8 готови ториљи
  • 500 г пилешко бело месо
  • 200 г излупени домати
  • 400 г кашкавал
  • 3 лажици масло за готвење
  • едно снопче млад кромид
  • 1 лажица исечкан магдонос
  • 1 прстофат лук в прав
  • оригано, босилек, мешан зачин

Начин на подготовка:

1. Пилешкото месо исечкајте го на тенки ленти, младиот кромид на крукчиња, доматите на коцкички, а кашкавалот изрендајте го покрупно.
2. На малку масло за готвење, пропржете го пилешкото месо, а потоа додадете ги доматите, ориганото, босилекот, лукот во прав и мешаниот зачин. Сите состојки заедно кратко пропржете ги.
3. Откако ќе ја тргнете тавата од рингла, во неа додадете го младиот кромид и убаво измешајте.
4. Земете една тортиља, наредете ја со кашкавал и полијте ја со филето од бело месо. Преку филето повторно наредете кашкавал и преклопете ја со уште една тортиља. Подготвениот сендвич, благо притиснете го со дланките одозгора. На ист начин пригответе ги сите тортиљи.
5. Земете тефлонско тавче, загрејте го и на него печете ги тортиља сендвичите од обете страни за кашкавалот убаво да се стопи. Внимавајте да не ги загорите.
6. Сендвичите оставете ги да се оладат и послужете ги исечкани на триаголници.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.