Чоколадни тартуфи
Ова е оној десерт што никого не може да го остави рамнодушен. Толку едноставен, лесен и премногу вкусен. Предизвикува сериозна зависност, а еден чоколаден тартуф верувајте дека нема да ви биде доволен.
Потребни состојки за 30 тартуфи:
- 175 мл слатка павлака со 45% масленост
- 300 г темно чоколадо со над 60% чоколадна маса, растопено
- 30 г несолен путер, растопен
- 3 супени лажици ликер по ваш вкус
- незасладено какао
Начин на подготовка:
Во сад ставете ја павлаката да проврие. Претходно растопеното чоколадо ставете го во павлаката. Потоа, ставете го и растопениот путер. Додадете го ликерот. Измешајте ја целата смеса. Готовата смеса претурете ја во тавче и ставете го тавчето во замрзнувач 3 часа. По три часа, извадете го тавчето со смесата. Со лажица почнете да вадите топчиња. Обликувајте ги во рака како тркалца и валкајте ги во какао. Чоколадните тартуфи ставете ги во хартиени калапи за да изгледаат поубаво (може и без нив). Најдобро е да се служат на собна температура.
Забелешка: Тартуфите може да стојат во фрижидер десет дена, без проблем.
Ако сте вешти во готвењето, може да ги декорирате со ореви, бадеми, лешници, чоколадни филови со ваши додатоци.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
