Фантастична преработка на хитот „We Found Love“ без музички инструменти
Музичката тројка Ингрид Мајклсон, Дилан Стајнберг и Крис Куфнер, позната како „Army of 3“ направила одлична преработка на хитот „We Found Love“ од Ријана. Отсуството на музички инструменти го прави нивниот труд навистина посебен.
Ингрид е заслужна за сите звуци во видеото. Пофалбите за режија и обработка одат на адреса на Дилан, а за продукцијата и монтажата одговорен е Куфнер. Уживајте во нивниот фантастичен перформанс!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
