Неверојатни илустрации за „Битката помеѓу веб-прелистувачите“
Слично како битката која се води помеѓу паметните телефони, така е и со веб-прелистувачите. Постојат неколку навистина добри, но сè уште е тешко да се издвои еден од нив, како најдобар. Секој од нив има предности и недостатоци, а корисниците се тие кои одлучуваат кој од нив најмногу ги задоволува нивните потреби.
Секој прелистувач има верни корисници. Некои од нив се толку верни што дури решиле љубовта кон својот фаворит да ја прикажат преку некаква илустрација. Ние издвоивме дваесет такви илустрации кои ја прикажуваат битката помеѓу веб-прелистувачите, заедно со пораката која сакале да ја пренесат нивните креатори.
Секој прелистувач има своја посебна убавинаПовеќето корисници вака ја доживуваат моменталната битка помеѓу прелистувачитеГугл Хром едноставно го шокираше светот кога се појави. Како да падна од ведро небо кога ù се приклучи на битката.Многу, многу одамна постоеја три змеја чии имиња беа Фајрфокс, Интернет Експлорер и Хром, кои се бореа меѓу себе за да ја одржат рамнотежата во онлајн-кралството.Само еден ќе излезе како победник од арената. Корисниците ќе одлучат кој.Да имаше Интернет Експлорер кул икона како што е оваа на сликава, можеби ќе успееше да врати дел од изгубените корисници.Засега вистинската битка е само помеѓу Фајрфокс и Хром.И едниот и другиот имаат свои предности и недостатоци, а ќе победи оној кој повеќе ќе сè фокусира на корисникот.Поради напредокот на Интернет Експлорер 10, за резултатот од оваа битка ќе почекаме. Но, да не го заборавиме и Гугл Хром.Интернет Експлорер – исплашен од бомбата на Хром која би значела негов крај.Интернет Експлорер 6 – најголемото разочарување за корисницитеДоколку прелистувачите беа мачки со пиштолиДоколку прелистувачите беа славни личностиОружје за потрага по најновите информации на интернетДоколку прелистувачите беа суперхероиДоколку прелистувачите беа транспортериСè додека не се појави Хром, сликата за веб-прелистувачите изгледаше вака.Роденденот на Интернет Експлорер: неговите „пријатели“ се појавиле со саркастично одбран подарок - HTML5.Битка помеѓу мобилните верзии на веб-прелистувачите