За оние кои ги сакаме не е потребен посебен празник или пак некој скап подарок за да им подариме малку повеќе внимание и љубов. Сè што е потребно, е малку инспирација и време за да создадеме нешто уникатно и несекојдневно. Зошто да не ја изненадите саканата личност со слатка порака во интересно изработена картичка?
Подолу можете да погледнете неколку рачно изработени картички, кои сигурно ќе ви дадат некоја идеја, како и убави мисли за љубовта, колку за да добиете инспирација. Најважно од сè, уживајте во вниманието што го подарувате и насмевката која со сигурност ќе ја измамите кај саканата личност.
„Понекогаш, твоето присуство ми го одзема здивот и сите нешта што сакам да ги кажам не можат да го пронајдат својот глас. Тогаш, во молк, можам само да се надевам дека моите очи ќе зборуваат место моето срце“ – Роберт Секстон„Љубењето длабоко ти дава сила. Да бидеш љубен длабоко, ти дава храброст.“ – Лао Це„Најдобрите и најубавите нешта во светот, не можат да се видат ниту да се допрат. Можат само да се почувствуваат.“ – Хелен Келер„Ако знам што е тоа љубов, тоа е поради тебе“ – Херман Хесе„Те сакам на овој начин затоа што не познавам друг начин на сакање. Те сакам на начин, во кој не постојам јас и не постоиш ти и сме толку интимни што твојата рака на моите гради е мојата рака, а кога заспивам и твоите очи се затвораат.“ – Пабло Неруда„Најголемата љубов е онаа која ја буди душата и те тера да се бориш за повеќе, онаа која разгорува оган во срцето и носи мир во мислите. Тоа е она што ти ми го подари мене. И тоа е она за кое се надевам дека ќе можам вечно јас да ти го дарувам тебе.“ – Николас Спаркс„Те сакам значи, те сакам повеќе од кој било друг што те сака, те сакал или ќе те сака, и исто така, те сакам на начин на којшто никој друг не те сака, ниту те сакал, ниту ќе те сака, и исто така, те сакам така како што никој друг, никогаш сакал ниту ќе сака некого.“ – Џонатан Фоер„Мојата иднина е всушност решено прашање од минатото. Ти беше мојата прва љубов и ти ќе бидеш мојата последна.“ – Боб Дилан„Љубовта нема никаква врска со она што очекуваме да го добиеме. Само со она што се очекува да го дадеме, а тоа е сè.“ – Кетрин Хепберн„Велат дека кога некој навистина ти недостига, дека и таа личност го чувствува истото. Но не верувам дека е можно да ти недостигам толку, колку што ти ми недостигаш мене сега. “ – Една Милеј
Ова се уште неколку предлог картички со кои ќе го израдувате вашиот партнер и кои перфектно го отсликуваат значењето на изреката „малите нешта го прават животот поубав“.