Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажите

Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажите

Веќе ја објавивме листата на „Најдобрите машки парфеми за 2010 година“, но тоа не значи дека ги заборавивме девојките. Неодоливиот мирис на секоја девојка секогаш се поврзува со убавина, вкус и шарм, а тоа е повеќе од доволно на патот до успехот. Предизвикот и изборот за женска козметика е навистина огромен, па доколку заклучивме дека е тешко да се одбере машки парфем, овој пат задачата е можеби за 3 пати потешка. Сепак, жените секогаш знаат да го добијат и најдат тоа што го сакаат, но за секој случај еве ја листата на најдобрите парфеми за 2010 година.
.

  • Palazzo од Fendi

Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеНаправен за оние кои сакаат да изгледаат деликатно и женствено, а истовремено моќно. Силвија Фенди сакала да создаде уникатен мирис кој ќе привлекува внимание, така што доколку некој го носи на себе, каде и да поминува, секој да се врти и да не може да му одолее. Неговата богата цветна миризба со сигурност ќе ве освои.
.

  • Gucci од Gucci

Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеКреиран со идејата да биде најдобар на сите времиња кој тие некогаш го создале, овој прекрасен парфем дефинитивно го заслужува вашето внимание. Неговата цветно-овошна комбинација ќе ве натера да подзинете, ако не вие самите, машкиот пол со сигурност. Направен е од хаитска тијара, пачули и мед и е спакуван во елегантна стаклена амбалажа.
.

  • J’adore The Absolute Perfume од Dior

Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеИсполнет со емоции, прекрасен и мистериозен. Вплотување на апсолутна женственост во еден цветен букет со миризба на рози и јасмин. Свеж парфем погоден за потопли денови, кој ќе успее да ве направи своја и единствена.
.

  • Prada од Prada

Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеОриентален мирис врз база на килибар, 4 вида на етерични масла (Индиска сандаловина, Индонезиски пачули, цитрус смола и бензоин) и ванила. Топол, сладок мирис кој би бил погоден за вечерни рандевуа и луксузни вечери.
.

  • Obsession Night Woman од Calvin Klein

Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеСоздаден во 2005 година, асоцијација за незаборавни и луди летни ноќи. Сплотеноста од рози, портокали, мандарини, лилјани, ванила, јасмин, сандаловина и многу други добро искомбинирани состојки, дава заводнички мирис кој нема да го остави рамнодушен машкиот пол.