Вага и бик - љубовна комбинација

Вага и бик – љубовна комбинација

Љубовната врска составена од партнери родени во знаците вага и бик е проследена со одлична карма при што тие се чувствуваат како две половини кои формираат една прекрасна целина. И покрај тоа што на почетокот на врската навидум може да изгледа дека партнерите не делат исти интереси, кога подобро ќе се запознаат ќе откријат дека имаат многу заеднички работи. И бикот и вагата споделуваат интерес за уметност, музика и театар, уживаат во естетиката, физичкото задоволство и се вистински експерти за додворување.Вага и бик - љубовна комбинацијаНа тврдоглавиот бик му се допаѓа нежноста на вагата, бидејќи кога тој ќе се налути зашто работите не излегле по негово, дипломатската вага умее да ги „измазни“ работите во името на мирот во врската. Од друга страна, вагата ужива во финансиската стабилност и луксузот кој бикот може да ѝ го овозможи. Двајцата можат многу да научат еден од друг. На тој начин, вагата може да му помогне на бикот да почне да ги гледа двете страни на ситуациите, а тој пак може да ѝ помогне да ја надмине непоправливата неодлучност. Овој пар може да ужива во големата љубов, страст, луксуз и убавина.

Комбинацијата од нивните шармантни карактери можат да ја претворат во една хармонична романтична врска. Меѓутоа како и кај сите парови, така и кај нив можат да се појават проблеми, бидејќи и двата знака имаат тенденција да се однесуваат снобовски и мрзливо. Бикот во донесувањето одлуки секогаш се потпира на својата практичност, прашувајќи се „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите животни цели?“, а вагата од друга страна секогаш се потпира на своите интелектуални стимуланси, без разлика дали тие се практични или не. Конфликт во оваа љубовна врска може да настане доколку бикот стане премногу опсесивен, а вагата почне премногу да се дружи и да флертува. Понекогаш овие два знака едноставно не можат да застанат на иста бранова должина.

Ако сакаат нивната врска долго да трае, ќе мораат да научат да ги прифатат нивните разлики и поинакви гледишта кон животот. Бикот не знае да попушта, па затоа вагата ќе мора да ја прифати неговата тврдоглавост. Од друга страна, неодлучната вага може да го иритира директниот и упорен бик, кој секогаш е насочен кон остварување на замислената цел. Со нежно убедување сè е возможно, а не постои хороскопски знак понадарен со нежност, суптилност и шарм од вагата. Сè додека бикот се труди да избегнува да изјавува дека неговото гледиште кон работите е единствено и правилно, вагата ќе биде желна да ги прифати неговите одлуки. Најубавиот аспект од оваа љубовна врска е нивниот сличен „вкус“ за работите, кој е двигател на нивната меѓусебна почит и посветеност, како и  исполнетиот заеднички живот.