Која е тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот?

Која е тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот?

Дали работите дење и ноќе со целосна посветеност и одлучност, но сè уште не можете да ги исполните вашите цели? Ако одговорот е „да’, тогаш ви треба нешто повеќе од мотивација. Во продолжение прочитајте кој е клучниот елемент кога станува збор за постигнувањето на целите во животот.

Која е тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот?

Кои се зборовите што ви паѓаат на ум кога ќе го слушнете зборот „цел“? Најверојатно мотивацијата е на прво место. Сепак, иако мотивацијата е еден од главните елементи, таа сама по себе не е доволна. Друг збор за кој веројатно сте размислувале е волјата. Проблемот со волјата е што таа може да се „потроши“ со преголемиот напор и прекумерната употреба. Но, во голем дел од случаите, тајната за постигнување цели во животот лежи токму во истрајноста. Зошто е тоа така?

Истрајноста ги отстранува оправдувањата од типот „немам време“ или „премногу сум зафатен/а“

Понекогаш доволно е да бидете креативни и на тој начин продуктивно да го искористите времето што ви е на располагање. Така, наместо да ги потрошите навидум безначајните 15 минути пауза помеѓу состаноците на социјалните мрежи, искористете ги за себе и за својот развој. Можете да медитирате, да пишувате дневник, да изгледате инспиративно видео… Не заборавајте дека клучот е во конзистентноста и истрајноста. Повторете го овој процес 3 до 5 пати неделно и за кратко време ќе забележите напредок.

Истрајноста станува навика

Навика е нешто што го правите автоматски без размислување. Кога ќе развиете навика постојано да го повторувате истото дејство, нема потреба од одлучување дали да направите нешто или не. Се разбира, на почетокот може да биде непријатно, но доколку истраете за време на почетната фаза, по одредено време ќе почнете да го правите тоа автоматски.

Истрајноста го отстранува притисокот од совршенството

Речиси е невозможно да направите нешто совршено во рок од 15 минути, но самата идеја ќе ве поттикне да работите повеќе на тоа. Дали понекогаш ви се случило да ги одвлекувате обврските кои се поврзани со целта и да се плашите да дејствувате? Тоа е, всушност, стравот од неуспех. Не заборавајте дека доволно е да го направите првиот чекор. На почетокот, доколку секој ден посветувате 15 минути на вашата цел, за кратко време ќе постигнете напредок. Бидете истрајни и не фокусирајте се на совршенството. Така полесно ќе постигнете успех.

Откако прочитавте за истрајноста, можеби ќе сакате да прочитате и зошто патот кон целта е поважен од нејзиното постигнување.

Извор: themindsjournal.com

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар