Дали депилирањето на влакната во носот е добра идеја?

Дали депилирањето на влакната во носот е добра идеја?

Можеби се прашувате како изгледа отстранувањето влакна од носот и дали е добро решение. Еве што треба да земете предвид пред да се одлучите за овој третман.

Дали депилирањето на влакната во носот е добра идеја?

Влакната во носот се присутни со причина

Влакната во ноздрите се исклучително важни за респираторниот систем. Тие се вашата прва одбрана бидејќи се користат за филтрирање на воздухот што го дишете. Влакната во носот се физичка бариера, филтер што ги блокира поголемите честички од воздухот и нечистотијата, како и микробите. Всушност, вознемирувачките влакна во носот играат важна улога во заштитата на дишните патишта. Отстранувањето на влакната од носот претставува ризик од воспаление на носната слузница, која се карактеризира со чешање и кивање. Освен тоа, со овој агресивен метод ризикувате микробите да влезат во вашите бели дробови.

Професионалната депилација е најбезбедна

Ако сакате да ги отстраните влакната од носот со восок, дерматолозите советуваат дека депилацијата на влакната во носот е задача што треба да им ја препуштите на професионалците.

Носот е главното место за собирање на бактериите во телото. Ако депилацијата не се прави правилно, тоа може да доведе до отстранување не само на влакната, туку и на делови од кожата. Ова создава отворени рани или чиреви, кои можат да се заразат со бактерии кои веќе се наоѓаат во вашиот нос. Од друга страна, професионалците се обучени правилно да нанесуваат и да отстрануваат восок. Покрај тоа, тие ја мерат температурата на восокот и знаат како безбедно и ефикасно да ги отстранат влакната од носот без да ја оштетат кожата.

Сè е важно, од видот на восокот што се користи до температурата на восокот и специфичната техника за депилација. Има премногу фактори за просечна личност да ја спроведе оваа постапка дома, особено кога постои ризик од инфекција.

Иритираната кожа никогаш не треба да се депилира, па ако имате рани или некој вид иритација во ноздрите, немојте да брзате со депилацијата. За да се минимизира ризикот од инфекција, дерматолозите препорачуваат чистење на ноздрите со антибактериски сапун пред и по депилацијата. За да се намали ризикот од воспаление или иритација, нанесете многу тенок слој вазелин во внатрешноста на ноздрите по депилацијата. Колку се подебели и погруби влакната, толку е поболно да се отстранат од носот бидејќи е потребна поголема сила за да се извлечат.

Како безбедно да се ослободите од влакната во носот?

Отсекувањето на влакната што излегуваат од носот е далеку побезбедна опција од депилацијата со восок. Можете да користите ножици за нокти или веѓи за да ги отсечете врвовите на влакната што излегуваат и се видливи под ноздрите. Сепак, најдобро би било ножиците да имаат заоблени врвови за поголема безбедност. Постојат ножици што се специјално дизајнирани за скратување на влакната од носот и дерматолозите ја препорачуваат нивната употреба.

Ако влакната се екстремно долги или поради некоја друга причина сакате трајно да ги отстраните, можете да одите на ласерско отстранување влакна.

Кубењето вланка со пинцета во никој случај не е добра идеја, ниту отстранувањето влакна со восок. Ова е многу болен начин за отстранување на влакната, а во исто време и многу ризичен. Отстранувањето на влакната од коренот ги отстранува фоликулите на влакната и со тоа се создава подлога за инфекции. А, бактериската инфекција од ноздрите лесно може да стигне до мозокот преку крвотокот.

Влакната во носот може да бидат навистина досадни, но тие се таму со многу важна причина, па можеби треба добро да размислите пред да ги отстраните.

Погледнете ги овие 6 трикови со кои ќе ги решите болните поткожни влакна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар