Нова мода на Фејсбук: сите со статуси „In a relationship“
Автор: Нина

Изгледа помина подолг период откако јас прејдов во старомодните. Некако скопскава трач мода ми стана толку излитена и веќе слушната работа, што и малку се повлеков од пукање сеир на новонастанатите „ѕверки“ во градот. Уз муабет, со колега, не знам како стигнавме до темата: зошто веќе подолг период немал девојка. Причината која ми ја кажа беше сосема коректна, дури се сложив со него целосно. Но! Имаше и нешто шокантно за мене, поточно нешто за кое не бев информирана своевремено.
„Па Нина, јас сè уште ја немам фатено болеста што кружи низ градов. Значи, денес си „фаца“ ако си ‘In a relationship’.“
Хм, се зачудив. Денес во Скопје било у мода да се држиш за рака. Некако не ми се веруваше, но оставив потсвесно мозокот да ми работи на таа тема и тоа добро да го истражам кога ќе стигнам дома. Уште позачудувачки ми беше што уствари последен пат кога направив апдејт на тоа што е „ин“ во Скопјево, сè уште беше во мода да си „Single“ и да не се замараш со ништо друго освен со себе. Морам да признаам, се ставив во мисла.
Седнав дома на писи. Ако на ФБ не можеш да дознаеш нешто, каде на друго место!? Шок!!! Констатацијата на мојот колега – апсолутно точна! Од 700 и нешто „пријатели“, тие што не беа веќе во брак, беа „In a relationship“, и тоа чисто онака ненадејно. Луѓе кои до вчера секогаш сум ги рачунала за сингл и тешко дека се натерувале да влезат во врска (пошто не беше у мода јасно), сега „In a relationship“!!! Дури и другари кои не се даваа лесно. 5 другари – 5 „In a relationship“ статуси. What’s next???
Во Македонија, статистички, последниве 3 години секој втор брак завршил со развод. Поточно 70%. Се плашам дека после свадбите на некои познати градски фацки, и ова чудо (женачката) ќе стане мода во градов. Нели сме ние „во љубов“, свадбата ја доживуваме како една поспецифична журка и се натпреваруваме кој помодерна ќе направи, да не е забегана, старечка, со ора и чочеци и да не носи младожењата кравата ни невестата тул, значи бракот не е битен. Битна е дешавката наречена свадба. Ако не оди не оди, што е битно тоа. „Битно ресторанот да ти се погоди“. Не за џабе ја пуштиле у етер.
Како што секоја година модната недела во Париз, Њујорк и сл. се менува, така и во Македонија емотивниот статус се менува, само зависи што е во мода. Врските веќе не се врски, туку се „еј се држам за рака, у тренд сум“, бракот поточно денот на свадбата е ден од кога почнуваш да ги одбројуваш деновите до развод.
И на ова баш би сакала да ми каже некој:
„Кога сето ова вака функционира, што е денес во тренд кога станува збор за љубовта??? Дали воопшто постојат чувства или тоа е „аут“ оваа сезона. Не ради друго, да знам дали сакам да сум модерна или не, да знам на што сум…“
