Најдобрите машки парфеми за 2010 година кои ги полудуваат девојките
Пронаоѓањето на вистинскиот парфем за себе претставува предизвикувачка задача. Огромниот број на тоалетни води од многу познати брендови, овозможува да се пронајде онаа која ќе биде препознатлива и ќе се вклопи во личниот стил, но големиот избор не е секогаш многу корисна работа. Уникатниот парфем е многу важен за оставање добар впечаток, па еве една листа на најдобрите и најпродаваните за оваа година која ќе ви помогне при изборот.
.
-
Hot Water од Davidoff
Иако е сосема спротивен од бестселерот на Давидоф, неприкосновениот Cool Water, овој парфем е исто толку заводлив и освојувачки. Одличен е за вечерно време и за состаноци, а верувајте дека девојките со сигурност ќе го сакаат.
.
-
Acqua Di Gio од Giorgio Armani
Поради неговиот сензуален свеж мирис Aqua Di Gio полека прераснува во еден од најдобрите машки парфеми на сите времиња. Го зголемува чувството на машкост и го носи корисникот поблиску до природата. Со сигурност ќе се вљубите во неговиот транспарентен неодолив мирис.
.
-
Le Male од Jean Paul Gaultier
Доколку вашата цел е да имате уникатен мажествен парфем, Le Male од Jean Paul Gaultier е дефинитивно вистинскиот избор за вас. На пазарот е од 1995 и оттогаш е меѓу петте најпродавани секоја година. Богатиот мирис ќе ви овозможи со сигурност да бидете забележани.
.
-
Obsession од Calvin Klein
Еден од вистинските класици на Келвин Клајн кој претставува хит оваа година. Нека не ве залажува лошата амбалажа. Оваа тоалетна вода ќе ви понуди еден пријатен овошен мирис, кој вистински ќе го осетите 30 минути по нанесувањето.
.
-
Ferrari Black од Ferrari for men
Одличен лесен парфем со свеж мирис. Елегантен детаљ за на работа или за дневна шема. Има интересен шмек, а цената е пристапна и многу пониска од останатите на оваа листа.
