Тест: Кој тип љубовник сте?

Тест: Каков тип љубовник сте?

Секој човек љубовта ја доживува и покажува на различен начин. Некои луѓе се многу страсни, на некои им е неопходно внимание, а некои пак сакаат мирна и сталожена врска. Партнерите со исти или слични желби и потреби во принцип функционираат одлично, додека оние кај кои има голема разлика во љубовното однесување и карактер можат да се чувствуваат разочарано и збунето. Стручњаците тврдат дека ако го откриете сопствениот љубовен стил, тоа ќе ви помогне полесно да го препознаете вашиот идеален партнер, со кој ќе имате долга и хармонична врска.

Тест: Кој тип љубовник сте?

Пресметување бодови

За да откриете на кој тип љубовник сте најслични, одберете ги одговорите кои најдобро ве опишуваат, а потоа погледнете која боја сте ја заокружиле најмногу. Ако ги прочитате сите профили, можете да откриете каков љубовник е и вашиот сегашен партнер.

1. Повеќе ви пречи:

  • Црвена: некои телесни карактеристики, како што се големи уши или орловски нос
  • Виолетова: кога некој очекува постојана обврска

2. После раскинување најчесто:

  • Жолта: останувате во пријателски односи
  • Темно црвена: лути сте и вознемирени

3. Ако сте незадоволни од врската, најчесто:

  • Зелена: ја прекинувате бидејќи нема перспектива
  • Розова: останувате во неа затоа што сте му потребни на партнерот

4. На забава сте и се воодушевувате од некого што првпат го гледате. Ќе помислите:

  • Црвена: заљубен/а сум
  • Жолта: сакам да разберам нешто повеќе за неа/него

5. После првиот состанок вие:

  • Темно црвена: ја анализирате целата вечер, прашувајќи се што навистина мисли таа личност за вас
  • Зелена: проценувате колку сте компатибилни и дали вреди повторно да го/ја видите

6. Луѓето што ве познаваат би ве опишале како:

  • Виолетова: личност со слободен дух
  • Розова: великодушна личност

7. Кога сте слободни, вашиот статус на Фејсбук гласи:

  • Жолта: не одбирате никаков статус, бидејќи кога немате партнер сте 100% посветени на вашите пријатели
  • Зелена: го одбирате статусот „сингл“, за да им дадете до знаење на потенцијалните партнери, кои ви се пријатели.

8. Вашиот партнер е излезен, доцна е не одговара на вашиот телефонски повик. Вие ќе помислите:

  • Темно црвена: сигурно прави нешто што не би смеел
  • Розова: се надевам дека му е забавно

9. Повеќе сте наклонети кон:

  • Зелена: еден соодветен партнер
  • Виолетова: многу забавни средби

10. Додека сте заљубени се чувствувате:

  • Црвено: занесено – љубовта е вистинско блаженство
  • Темно црвено: вознемирено –  ќе потрае ли оваа убавина?

11. Тајната на долга и успешна врска е:

  • Жолта: заеднички труд околу врската и заедничка забава
  • Розова: партнерот е секогаш на прво место

12. Некој пријател ви вели дека познава личност која совршено би ви одговарала. Вашата реакција е:

  • Црвена: како изгледа
  • Зелена: што работи

13. Додека сте во врска си мислите:

  • Виолетова: Нормално е секој да си има свои тајни, нели?!
  • Жолта: Немам што да сокријам

14. Љубовта е:

  • Црвена: разгорена страст
  • Розова: безусловна

15. Повеќе ви одговара партнер кој:

  • Виолетова: ви ја разгорува фантазијата
  • Темно црвена: ве смирува вас и вашите сомнежи

Резултати:

Црвена: Страстен љубовник

За вас љубовта е возбудлива, искрена, дива, длабока и потполна и ништо друго не би било доволно. Вие најчесто имате свој тип на личност и кога ќе ја пронајдете се предавате целосно, и психички и телесно. Најмногу ви одговара партнер со иста страст како вашата, а најмалку мирен и сталожен љубовник.

Виолетова: Љубовник за забава

Неверојатно шармантни, досетливи и секогаш подготвени за шега, љубовта ја сфаќате и доживувате како игра без обврски. Уживате во љубовните задоволства, но исчезнувате кога ќе ги снема. Партнери кои сакаат цврста и постојана врска не ви одговараат. Најдобра комбинација за вас е лежерен љубовник, подготвен за забава.

Жолта: Мирен и сталожен љубовник

Љубовта  за вас е како патување, нежно и пријатно, без брзање, драматизирање и испади. Вашата  љубов е мирна, а врската пријатна и стабилна. Страсни и екстремни љубовници не се партнери кои ви одговараат, но вие можете смирувачки да делувате на нив.

Темно црвена: Екстремен љубовник

Љубовната врска ви е се во животот, но и причина за душевни страдања. Постојано се плашите дека нешто ќе тргне наопаку, наместо да уживате во врската. Неопходно ви е внимание и наклонетост од партнерот. Вам ви одговараат страсни и безусловни љубовници, а не ви одговараат љубовници за забава.

Зелена: Љубовник „оценувач“

Најважна ви е компатибилноста. Партнерот мора да има исто образовно ниво, иста религија, добра професија, приходи, слични интереси и духовитост. Најмногу ви одговара љубовник оценувач.

Розова: Безусловен љубовник

Безусловната љубов за вас е пријатна должност, која со задоволство ја извршувате. Толку сте среќни кога сте заљубени, па најчесто многу повеќе давате, а многу малку барате. Љубовник „оценувач“ може да ја искористи вашата особина да не барате многу. Вам ви одговараат безусловен љубовник или мирен сталожен љубовник.