Дали вашето дете е безбедно во автомобилот?

Дали вашето дете е безбедно во автомобилот?

Децата повисоки од 150 центиметри, а помлади од 12 години можат да се возат на совозачкото седиште само со посебно седиште. Децата чија висина е под 150 центиметри, задолжително се транспортираат со посебни седишта.

Дали вашето дете е безбедно во автомобилот?

Безбедното сместување на детето во автомобилот може да го намали ризикот од смрт при сообраќајна несреќа за дури 80%. За правилно да го наместите детското автомобилско седиште, потребно е да следите неколку правила:

  • Детското седиште морате да го прилагодите на возраста и моторичкиот развој
  • Седиштето мора да биде правилно прицврстено за автомобилот
  • Детето мора да биде правилно сместено кога ќе го врзете со појасот

Дополнителни совети за безбедноста на децата во сообраќајот

  • Возачот не смее да вози дете во безбедносно седиште свртено спротивно од насоката на возење на патничкото седиште заштитено со воздушно перниче ако воздушното перниче не е деактивирано, дури ни кога перничето се исклучува автоматски.
  • Велосипедистот постар од 18 години може да пренесува личности постари од 8 години, само ако на велосипедот има посебно седиште за секого и држач за рацете и нозете. Децата помали од 8 години можат да се пренесуваат само во посебно седиште, прилагодено на големината на детето, а детето треба да носи и заштитен шлем.
  • Детето помладо од 12 години не смее да се пренесува со мопед и мотор.
  • Родителите често ги врзуваат децата со безбедносен појас така што го ставаат под пазувите, а не преку рамената. Доколку дојде до судар, вака врзаното дете може да излета напред и може да настанат повреди на колената и ‘рбетот.

Погледнете и кои се работите што не смеете да ги правите додека возите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар