9 знаци дека вашиот партнер ве прави депресивни

9 знаци дека вашиот партнер ве прави депресивни

Ако често сте несреќни со партнерот, ако ви е непријатно, ако сте под стрес и ако се чувствувате исцрпено, тоа се знаци за деструктивен однос. Проблемот само се зголемува по некое време бидејќи поради овој однос вие станувате депресивни.

9 знаци дека вашиот партнер ве прави депресивни

Депресивните луѓе често веруваат дека проблемот е во нив, а со тоа само си ја влошуваат состојбата. Обидете се да се ослободите од стравот од самотија и емотивната зависност кои често ги држат луѓето заробени во вакви врски. Доколку препознаете некои од следниве знаци, можеби најдобро е да се збогувате се вашиот партнер.

1. Чувствувате како партнерот да има моќ над вас и да не можете да одбиете што и да ви побара.

2. Постојано ве критикува, а поради ова ја губите вашата самодоверба.

3. Тврди дека само тој е во право и за него е вистина само она што тој смета дека е вистина.

4. Ви кажува што да правите и како да се однесувате.

5. Се обидува да ве контролира. Овој проблем може да настане, а вие воопшто да не го забележите. Овие мажи најчесто на почетокот контролираат само неколку работи и постепено го зголемуваат бројот. Додека да сфатите за што станува збор, може да биде предоцна и единствениот излез да биде раскинувањето.

6. Ве уценува – или ќе биде по негово или ќе раскинете.

7. Секогаш наоѓа нови причини за караница. Мирот во врската со ваква личност е речиси невозможен.

8. Ве убедува дека тој е најдоброто нешто што ви се случило во животот.

9. Правите работи кои му се допаѓаат само нему, со цел да ги избегнете расправиите.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот партнер не ве цени доволно.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар