Паметна роботска саксија се движи и го „лови“ сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијата

Паметна роботска саксија се движи и го „лови“ сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијата

Загрижени сте дека растенијата во вашиот дом не се изложени на доволно светлина во текот на денот? Сега, веќе немате потреба никогаш повеќе да се грижите за тоа, бидејќи тоа е задача на ова паметна роботска саксија. Овој прекрасен уред го брка сонцето коешто влегува низ домот, за да се осигури дека растението прима доволно хранливи материи.

Паметна роботска саксија се движи и го лови сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијата

Сигурно сте забележале дека растенијата додека растат, инстинктивно се насочуваат кон сончевата светлина. Овој феномен се нарекува хелиотропизам, а го означува движењето на листовите кон правецот на сончевата светлина – изворот на хранливи материи за растенијата. Повеќето растенија морате да ги позиционирате на вистинското место, за тие да можат да ја примаат храната којашто им е потребна.

Но, благодарение на овој робот, направен од страна на кинеската компанија „Vincross“ вие никогаш повеќе не треба да се прашувате дали цвеќињата во вашиот дом примаат премногу или премалку сончева светлина. Ова паметно механизирано суштество ќе ја бара и лови светлината и ќе се затскрива под сенка, со цел да му овозможи на растението постојано да напредува.

Овој дружељубив робот е креативно дело на Сан Тианчи, кој во „Vincross“ развил робот којшто се вика HEXA, а оттогаш навака го прилагодил за да издржи мала саксија со сукулентно растение. Делумно саксија, делумно ракче, овој шестоног уред може да почувствува кога на растението му е потребно светлина или сенка и тупка по земјата, секогаш кога му е потребна вода. Тианчи го објаснил концептот на работа на овој робот на форумот на Vincross, но сѐ уште не е сосема јасно, како тој ги разбира овие потреби на растенијата.

Без разлика како оваа паметна саксија знае да ги задоволи потребите на растенијата, таа несомнено претставува одличен уред за добро да се погрижите за вашите домашни цвеќиња. Освен што има улога на роботска дадилка за растенија, оваа саксија може да танцува кога е среќна, а знае и да си поигра со вас и да ве забавува.

Може да ве интересираат и овие 11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар