5 неверојатни факти за оптимистите

5 неверојатни факти за оптимистите

Да се биде оптимист не значи дека личноста има позитивен став и не се грижи премногу дури и за лошите нешта, бидејќи тоа е одбивање да се прифати ситуацијата. Оптимизмот дефинира како го интерпретираме светот околу нас и какво мислење имаме за себе, но и свесност колкава контрола имаме врз случувањата и што очекуваме од нив. Поради ова, оптимистите генерално се посреќни отколку песимистите и неутралните, а исто така ваквиот став носи и други бенефити за нив.

5 неверојатни факти за оптимистите

Прочитајте ги овие факти за луѓето кои зрачат со оптимизам. Некои може и да ве изненадат:

1. Оптимистите живеат подолго

Постојат голем број студии кои го поврзуваат оптимизмот со доброто здравје и долговечноста. Оние кои размислуваат позитивно и оптимистично поретко страдаат од хипертензија и срцеви заболувања, но имаат и пониска стапка на смртност. Во просек, оптимистите живеат 8-10 години подолго од песимистите, и тоа во состојба на добро здравје. Тие се грижат за себе, имаат соодветна самоконтрола и поради тоа во текот на животот страдаат помалку од здравствени нарушувања.

На пример, кога на песимист ќе му биде дијагностицирана болест, тој цело време ќе мисли дека деновите му се избројани, а оптимистот ќе започне со секоја терапија што е потребна, за повторно да биде здрав.

2. Оптимистите имаат подобар љубовен живот

Романтичните врски на овие луѓе се подолги и поквалитетни, се вели во едно истражување спроведено на универзитетот Стенфорд. Изненадувачки е што процентот на успешни врски е поголем кога само едниот од партнерите е оптимист. Психолозите веруваат дека тоа е последица на големата поддршка што ја дава оптимистичниот, поради што овие парови ретко се караат. Прашани за нивната врска, секој од партнерите одговарал дека другиот се труди и придонесува таа да биде подобра. Според друго истражување, колку повеќе го идеализираме партнерот, дури и ако тоа веќе не кореспондира со реалноста, врската сепак останува среќна и пријатна.

5 неверојатни факти за оптимистите

3. Оптимистите се поуспешни

Кога нешто треба да се продаде, остварената продажба на агентот оптимист може да биде и околу 88% повисока од онаа на песимистот. Ситуацијата е слична речиси во сите професии, а се верува дека тоа е поради харизмата и позитивниот став кои постојат додека да се постигне целта. Поради тоа, дури и ако не успеат во нешто првите неколку пати, овие луѓе не дозволуваат тоа да влијае на натамошната работа. Оптимистите лесно наоѓаат работа, уште полесно се снаоѓаат во неа, но и успеваат да им помогнат на другите да бидат попродуктивни и да се борат за своите цели. Токму поради ова, тие имаат поголеми шанси да бидат унапредени или парично наградени.

4. Оптимистите земаат пократки боледувања

Освен што поретко се разболуваат, ако тоа веќе се случи, на оптимистите им е потребно помалку време за да им биде подобро. Тие дури и полесно закрепнуваат по повреда или операција и поретко имаат хронични заболувања и воспаленија. Во еден експеримент спроведен како дел од студија, група оптимисти биле изложени на вируси на грип и на човечки риновирус. Според резултатите, оние најоптимистичните не се ни разболеле, а оние кои сепак почувствувале некакви симптоми, ги опишале како лесни за надминување.

5. Оптимистите се враќаат посилни и побрзи по критика

Во една студија со пливачи, тренерот им кажал на учесниците да испливаат најдобро што можат, а откако завршиле тој им дал невистинита критика, додавајќи по секунда или две на реалното време. Потоа им дал 30 минути да се одморат и да се вратат во базенот. Песимистите во просек пливале 1,6% побавно од првиот круг, додека оптимистите околу 0,5% побрзо. Во светот каде треба да се натпреваруваат, повеќе од сигурно е дека оптимистите се во предност. Тие критиката ја користат за да го подобрат својот настап, што не е случај со песимистите.

Направете го овој тест и дознајте дали сте оптимистичен реалист или духовен оптимист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар