Запознајте ја Клои: Здравата жена која живее како инвалид

Запознајте ја Клои: Здравата жена која живее како инвалид

Физичкиот инвалидитет е можеби најтешкото нешто со коешто може да се соочи една личност. Ако имате избор помеѓу живот со и без инвалидитет, сигурно ќе ја одберете втората опција.

Запознајте ја Клои: Здравата жена која живее како инвалид

Но, секогаш има исклучоци, а во овој случај тоа е 61-годишната хемичарка од Јута. Клои Џенингс-Вајт е совршено здрава жена која сака да живее како личност со инвалидитет, бидејќи се пронаоѓа во таа улога. Како што некои луѓе сакаат да го сменат полот, така постојат и луѓе кои сакаат да си ја сменат конфигурацијата на телото. Но нештата се малку покомплицирани во вториот случај.

Запознајте ја Клои: Здравата жена која живее како инвалид

Постои медицинска состојба наречена нарушување на идентитетот за интегритетот на телото која може да го објасни однесувањето на Клои.

Запознајте ја Клои: Здравата жена која живее како инвалид

И покрај тоа што таа ги има сите екстремитети и тие функционираат совршено, таа се идентификува како параплегична и живее заробена во инвалидска количка. Количката воопшто не ѝ е потребна, таа само сака да ја користи.

Запознајте ја Клои: Здравата жена која живее како инвалид

Со помош на протези кои ги закочуваат нејзините колена, таа не може да ги користи нозете и со тоа тврди дека е физички неспособна. Сепак, кога треба да направи нешто за коешто ѝ се потребни нозете, таа едноставно ги вади протезите и ги користи своите нозе. Всушност, таа често оди на планинарење и скијање, но тврди дека ништо од ова не ја прави среќна и дека сака да живее како инвалид, бидејќи се идентификува како личност со инвалидитет.

Што мислите вие за оваа состојба?