Вкусна торта со банана и Нутела што лесно можат да ја подготват дури и почетниците

Вкусна торта со банана и Нутела што лесно можат да ја подготват дури и почетниците

Без разлика дали почнувате да учите да печете или пак, сте вистински професионалци – овој десерт е совршен за вас!

(1) vkusna-torta-so-banana-i-nutela-shto-lesno-mozhat-da-ja-podgotvat-duri-i-pochetnicite-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
За тестото:
  • 2 јајца
  • 220 грама шеќер
  • 2 супени лажици кафеав шеќер
  • 100 грама растително масло
  • 340 грама зрели банани
  • 2 супени лажици грчки јогурт
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 210 грама брашно за сите намени
  • 1 кафена лажичка сода бикарбона
  • 1/2 кафена лажичка цимет
  • 1/4 морска сол
За кремот од Нутела:
  • 250 милиграми маскарпоне
  • 250 милиграми шлаг пена
  • 30 грама шеќер
  • 100 грама Нутела
  • Какао во прав, за декорација
(2) vkusna-torta-so-banana-i-nutela-shto-lesno-mozhat-da-ja-podgotvat-duri-i-pochetnicite-www.kafepauza.mk
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови и поставете хартија за печење во две тави.

За да го подготвите тестото, најпрво изматете ги јајцата со двата вида шеќер. Со помош на електричен миксер, матете додека не добиете бледа и густа смеса – околу 5 минути. Намалете го миксерот на средна брзина и полека додавајте го маслото. Продолжете со матење додека не се соедини со останатата смеса. Додајте ги бананите (претходно направени како пире), јогуртот и ванилата. Добро промешајте. Потоа ставете ги и брашното, сода бикарбоната, циметот и солта. Мешајте нежно. Поделете ја смесата во двете тави и печете околу 30-35 минути, или сè додека не добиете златно-кафеава боја. Оставете го тестото да се олади, па потоа префрлете го во фрижидер.

За кремот од Нутела, најпрво ставете ги маскарпонето, шлаг пената и шеќерот во еден сад, и матете со миксер додека не добиете цврста смеса. Потоа поделете го кремот на два дела. Во едниот од нив ставете Нутела, а потоа мешајте додека не се соедини. Останатиот крем нека остане така.

Поставете еден слој од тортата, па рамномерно нанесете го кремот со Нутела. Ставете го и вториот слој, нежно притискајќи надолу. Нанесете го и другиот крем, така што рамномерно ќе го размачкате до самите рабови. За крај, просејте какао.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар