Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?
Во македонските кафулиња, ресторани и дискотеки, бакшишот не е вклучен во фискалната сметка. На таксист или на собар во хотел пак, некој да му остави бакшиш, е стварно ретка појава. Вработените во услужните дејности се оставени на милост или немилост од страна на муштериите, молејќи се во себе „дај Боже денес да добијам поголем бакшиш, за да ми падне в џеб некој денар плус“. Ова е жалосен податок со оглед на тоа што кај нас оваа работа ја работат навистина огромен број млади, а и повозрасни луѓе.
Во многу земји ширум светот (освен некои од азиските), бакшишот морате да го дадете бидејќи е вкалкулиран во самата сметка, а некаде се остава и додатно доколку сте многу задоволни од услугата. Да се надеваме дека навиките во културата еден ден ќе се променат и кај нас.

Во меѓувреме келнери: ставете широка насмевка на вашите лица додека послужувате, а вие муштериите, не бидете толку скржави, 20-30 денари нема да ве осиромашат, а на вработениот ќе му го направите работниот ден прекрасен! Погледнете каква култура постои во земјите ширум светот, во врска со оваа работа.
Велика Британија
Во повеќето делови од земјата услугата е вклучена во сметката, а доколку не е, тогаш се очекува дека гостите сами ќе се сетат дека е културно да остават. Доколку на сметката пишува дека бакшишот е опционален, тогаш од вас ќе зависи дали сакате да оставите бакшиш или не. Давањето бакшиш во пабовите, не е вообичаена пракса. Бакшишот изнесува 10-15% од вкупната цена.
Швајцарија
Иако на повеќето услужни места во цената е вклучен 15% бакшиш, оставањето додатен помал бакшиш, е исто така пракса во помодерните ресторани. Сè зависи од тоа колку сте задоволни од услугата на келнерот. Доколку се прашувате како треба да постапите, подобро оставете плус пари или прашајте некој мештанин за совет.
САД
Во Соединетите Американски Држави давањето бакшиш на луѓето кои работат во услужните дејности, е најнормална појава. Сите угостители, такси возачи, фризери и хотелиери, очекуваат да им оставите бакшиш за добро завршената работа. Тој се движи 15-20% од вкупната сума на сметката.

Канада
Исто како што е во САД, така и во Канада, бакшишот не е вклучен, но се подразбира освен доколку не си задоволен од услугата. Според тоа, бакшиш се очекува да оставите кога ќе излезете да јадете надвор или кога некој вработен во услужна дејност ќе ви заврши некаква работа. Тој изнесува 15-20%.
Франција
Французите кога јадат оброк во некој локал, најчесто оставаат 10% бакшиш од вкупниот износ на сметката. Ова е додатен бакшиш од оној стандардниот, кој го добивате вкалкулиран во самата сметка. Од друга страна, угостителите не го очекуваат тој додатен бакшиш, освен доколку муштеријата не реши сам да остави, бидејќи бил презадоволен од услугата која ја добил.
Мексико
Во оваа земја, вработените во услужните дејности преферираат да им оставите бакшиш во кеш (а не со кредитна картичка), а не им е проблем и доколку ги почестите со долари. Бакшишот се движи 10-15%.
Бразил
Во рестораните, бакшиш од 10% е најчесто вкалкулиран во самата сметка. Исто така, најчесто не очекуваат од вас да оставите додатно бакшиш по ваша желба.
Аргентина
Во рестораните каде што бакшишот не е вклучен во сметката, ако оставите околу 10% од вкупната сума, вработениот навистина ќе го цени тоа. Не се препорачува да оставате бакшиш во долари. За хотелски портир, „ќе поминете“ и со само 10 песоси.

Турција
Во рестораните се цени доколку оставите бакшиш барем 10% од износот на сметката. Кај нив се прифаќа бакшишот само во кеш, а можете да оставите лири, долари или евра.
Италија
Оставањето бакшиш околу 10% од сумата која ја плаќате е вообичаена работа, но не повеќе. Интересно, но доколку се возите на гондола, не постои точно определено колку бакшиш да оставите. Најмногу се цени доколку оставите евра.
Кина
Правилото во Кина е дека не постојат бакшиши. Доколку сакате некому да оставите бакшиш, тогаш тоа направете го за некој кој ќе ви направи некоја ретка или луксузна услуга.
Јапонија
Во Јапонија, во принцип не се остава бакшиш, освен за некои специјални услуги. Најдобро е бакшишот да го оставите во јени.

Јужна Кореја
Бакшишот никогаш не се очекува од туристите, особено не во рестораните. Хотелиерите се сложуваат да земат по 1 долар од торба.
Австралија
Пред дваесет години и тука не се оставаше бакшиш, но сега е вообичаено муштеријата да остави додатни 10-15% од износот на сметката, за квалитетната услуга.
Египет
На повеќето места се оставаат дополнителни 5-10% на бакшишот кој веќе е вклучен во самата сметка. Најмногу се ценат американските долари.
Индија
Во некои помали местенца неколку рупии (валута во Индија) ќе завршат работа. На повеќето места се остава 10% бакшиш, но внимателно проверете дали секаде се впишани во сметката. Не се препорачува да оставите долари.

Подетална анализа на бакшишот во САД
Ресторани и барови
Келнер/ка:
- 15% од сметката е доволно
- 20% од сметката се остава за одлична услуга
- Не помалку од 10% за лоша услуга
Сомелиерот:
- 15% од вредноста на шишето вино
Шанкер:
- 15-20% од сумата на сметката или минимум 50 центи за безалкохолни и 1 долар за алкохолни пијалаци
Човек што работи на гардероба:
- 1 долар по палто
Паркинг опслужувач:
- 2 долари за да ти ја доведе колата

Секојдневие
Таксист:
- Во зависност од локацијата, отприлика 15% плус би било сосема доволно
- Дополнителни 1 до 2 долари се плаќа за помош со багажот
Достава на храна:
- Најмалку 10% од висината на сметката, а за покомплицирани достави 15-20%
Фризер:
- Околу 15-20% од сумата, минимум 1 долар за потшитување
- За миење коса, бричење и слично дополнителни 1 или 2 долари
Спа-услуги и масажи:
- Се препорачува да се остави дополнителни 15-20% бакшиш од сумата на услугата
- Доколку услугата ја врши сопственикот на салонот, тогаш не се остава бакшиш
Кафе и храна за носење:
- Овде бакшишот обично се остава во голема тегла и е опционален

Хотелски услуги
Хотелски вратар:
- 1 долар за носење куфер
- 1 долар за викање такси
Хотелски портир:
- 1 долар за носење багаж
Хотелски домаќин/ка:
- 2-5 долари по ден
Во македонските кафулиња, ресторани и дискотеки бакшишот не е вклучен во фискалната сметка. На таксист или на собар во хотел некој да му остави бакшиш, пак е стварно ретка појава. Вработените во услужните дејности се оставени на милост или немилост од страна на муштериите, молејќи се во себе „дај Боже денес да добијам поголем бакшиш, за да ми падне в џеб некој денар плус“. Ова е жалосен податок со оглед на тоа што кај нас оваа работа ја работат навистина огромен број млади, а и повозрасни луѓе, а воедно и поради тоа што во многу земји ширум светот (освен некои од азиските) бакшишот морате да го дадете бидејќи е вкалкулиран во самата сметка, а некаде се остава и додатно бакшиш доколку сте многу задоволни од услугата.
Да се надеваме дека навиките во културата еден ден ќе се променат и кај нас. Во меѓувреме келнери: ставете широка насмевка на вашите лица додека послужувате и бидете љубезни, а вие муштериите не бидете толку скржави, 20-30 денари нема да ве осиромашат, а на вработениот ќе му го направите работниот ден прекрасен! Погледнете што се случува во земјите ширум светот, кога станува збор за оставањето бакшиш.
Се сеќавате ли на некои постапки од страна на муштериите кои ги нервираат келнерите?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
